3„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаПропадна обидот да се изгласаат измените на изборниот законик за независните листи Откако минатата недела предлог-законот за измени на Изборниот законик донесен по скратена постапка помина и на комисиска расправа, на денешната собраниска седница не можеше да биде ставен на гласање.Откако минатата недела предлог-законот за измени на Изборниот законик донесен по скратена постапка помина и на комисиска расправа, на денешната собраниска седница не можеше да биде ставен на гласање, поради отсуство на пратеници за Бадентерово мнозинство. Подносителот на законот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски повтори дека според него со законот се дава фер шанса на независните кандидати, додека од ДУИ бараат дебата бидејки сметаат дека предлогот е донесен без политички консензус и треба да биде повлечен. - За да ја надминеме таа правна празнина која што постои ние одлучивме да ова сега го направиме скалесто, односно да се даде фер шанса и да има разлика во сите општини. Јас не гледам причина поради која што сите вие тука сега се лепите на зборот на независните советнички листи кои што сакаат да кандидираат, а на кои што впрочем им даваме шанса истото тоа да го направат.. Никола Мицевски- ВМРО-ДПМНЕ. -Овој пат предлог измените се направени во канцелариите на ВМРО и СДСМ неимплементирајки ниту една препорака од извештајот. Треба да има дебата. Треба сите политички партии да седнат, да дискутираат и да постигнат еден заеднички консензус во врска со ова. Рина Ајдари – ДУИ. Предлог-законот потпишан од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ предвидува од 100 до 1000 потписи за влез во изборната трка во зависност од големината на општината, додека за Скопје се предвидени 3500 потписи. Граѓанските здруженија реагираат дека власта и опозицијата здружено и без нивна консултација ставиле потпис на слични измени, а со тоа ја погазиле одлуката на Уставниот суд. Велат доколку се изгласаат измените, тие ќе побараат од претседателката Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за нив. -Зголемувањето од 1000 на 3500 потписи не само што е кршење на демократското право и Уставното право на секој да се кандидира на изборите, туку покажува страв и паника од страна на партиите кои што во ретки моменти се сплотени Ние нормално дека сметаме дека не се добри овие предлози. Прво воопшто ниту еден независен кандидат не е консултиран околу целото ова иако побаравме од сите координатори на пратенички партии,- Горјан Јовановски – Зелен хуман град . Правната празнина се појави откако Уставениот суд на иницјатива на грашаснките здружија минатито месец ги укина одребите со кои се предвидуваше за каниддрање на независни листи да бидат потребни потписи од 1% од запипшаните гласачи.. По ова, граѓанскиот сектор побара како услов за кандидрање да се постават од 20 до 300 потписи кои ќе можат да се собираат и надвор од просториите на ДИК. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризамБританската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс. Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот. Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“. Истрагата за наводниот заговор е во тек. Извор: Б92Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook