Пронајдена погача со месо која една мајка му ја испратила на својот син во Втората светска војна (фото) - Канал 5

Пронајдена погача со месо која една мајка му ја испратила на својот син во Втората светска војна (фото)

Лимената кутија со погача со месо испечена во текот на Втората светска војна изложена е во музеј откако беше откриена во беспрекорна состојба под подни штици на еден британски хотел.

Пронајдена погача со месо која една мајка му ја испратила на својот син во Втората светска војна (фото)

Божиќните питички, кои во тоа време мајката му ги испратила на својот син морнар, откриени се во хотелот Лок во градот Даглас на Островот Ман.

Пронајдени се во текот на обновата на хотелот во 1998 година, но останале заборавени во складиштето на музејот Манкс.

Се верува дека питите останале сочувани скоро 80 години благодарејќи на сувиот воздух под дрвените штици на подот.

Тие биле адресирани на морнарот Фил Дејвис со писмо во кое пишувало „Се најдобро, те сака твојата мајка“.

Кустосот на музејот Манкс, Метју Ричардсон изјавил дека тоа се “посебни докази за топлите човечки приказни“ од Втората светска војна.

Божиќ е “вистинското време повторно да заблескаат“, истакнал тој.

Хотелите и пансионите долж променадата во Даглас тогаш биле користени како сместување за војниците и морнарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи дека со образложението за ваквиот потег се доведува во прашање способноста на безбедносните институции. Таа порача дека, доколку власта остане доследна на наведените оценки, треба да следат оставки од министерот за внатрешни работи и од директорите на разузнавачките агенции.

На расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Петровска го оспори пристапот со кој утврдените недоследности се решаваат со укинување на законот, наместо со нивно отстранување.

„Не постои во нашата поблиска и подалечна историја која било влада што ќе даде карактеристика за безбедносно-разузнавачките служби дека се неспособни. Ако сакате да бидете доследни на она што сте го напишале, очекувам откако ќе се усвои законот да следат и оставки на оние што се одговорни во МВР, директорите на АНБ и Агенцијата за разузнавање и надлежните институции“, рече Петровска.

Таа посочи дека надлежните имале една година да ги коригираат констатираните недоследности, но наместо тоа сега предлагаат престанување на важењето на законот.

Според Петровска, укинувањето на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница претставува сериозен безбедносен проблем, особено во услови кога соработката меѓу институциите е клучна за одговор на глобалните предизвици.

„Дали ова значи дека безбедносните институции немаат капацитет да одговорат на глобалните предизвици?“, праша таа.

Дополнителна загриженост, според неа, предизвикува тоа што укинувањето на законот се предлага во период кога Владата најавува обединување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Петровска оцени дека евентуалното спојување на службите не треба да започне со отстранување на постојните механизми за координација, без претходно да се понуди јасна слика за идната институционална поставеност и начинот на кој ќе се обезбеди нивната соработка, се наведува во соопштението на Петровска. .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечер

Во рамки на посетите на урбаните и месните заедници, вечерва остваривме средби со жителите на локациите Киро Крстев, Браќа Џунови, Страшо Пинџур 1 и Страшо Пинџур 2.

Јанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечер

Преку непосредна комуникација, размена на мислења и конкретни предлози, ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите за Програмата за работа за 2027 година.

Продолжуваме да бидеме на терен, таму каде што се создаваат најдобрите решенија – во директен разговор со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најексклузивно повлекување во историјата- се повлекуваат автомобили што чинат 3 милиони евра

Автомобил од три милиони евра би требало да биде прилично блиску до совршенство, но Koenigsegg CC850 има проблем што сериозно би можел да им го расипе денот на сопствениците. 

Најексклузивно повлекување во историјата- се повлекуваат автомобили што чинат 3 милиони евра

Шведскиот производител на хиперавтомобили започна со повлекување на сите седум единици испорачани во Соединетите Држави откако откри дефект што би можел да предизвика автомобилот неочекувано да се врати назад.

Сè започна на 12 октомври, кога сопственикот излезе од автомобилот додека моторот сè уште работеше, а менувачот беше во рикверц. Потоа CC850 почна сам да се движи, што го натера Koenigsegg да започне внатрешна истрага.

Инженерите утврдија дека електричната рачна сопирачка не функционира правилно кога моторот сè уште работи, а менувачот е во рикверц. Во таква ситуација, сопирачката останува активна само додека возачот го држи притиснато соодветниот прекинувач. Штом го отпушти, автомобилот може да тргне освен ако не е поинаку обезбедено.

Според документите од американската NHTSA, повлекувањето опфаќа седум модели на CC850 произведени помеѓу септември 2025 и август 2026 година. За среќа на нивните сопственици, поправката нема да бара замена на скапи механички компоненти.

Проблемот ќе биде решен со бесплатна надградба на софтверот, која ќе може да се инсталира од далечина, преку интернет. Алтернативно, сопствениците можат да контактираат овластен сервисен центар.

CC850 е еден од најнеобичните хиперавтомобили денес. Неговиот деветстепен менувач Lightspeed овозможува возење со класична педала на куплунгот и рачка на менувачот, но и целосно автоматско менување на брзините.

Иронично, автомобил кој комбинира толку сложена технологија, врвни перформанси и цена од околу 3,1 милиони евра мора да се сервисира за нешто што на крајот ќе се реши со едноставно ажурирање на софтверот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер