ТехнологијаПронајден можен извор на „вонземскиот“ сигнал „Уау“ што ги збунува астрономите речиси половина Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Уау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани. Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“. На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци, пренесува српскиот портал „Политика“. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат. Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Уау!“ (Леле! / Wow!), пишува руски „Прокосмос“. Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал. Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаЈанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРусија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)Русија ноќеска започна напад со балистички ракети врз Киев, при што наводно е погодена една станбена зграда. Нападот се случи еден ден откако претседателот Володимир Зеленски предупреди за можен масовен напад врз украинскиот главен град, објавува „Киев Индепендент“. Новинарите на терен пријавија повеќе експлозии во градот околу 00:23 часот по локално време, со големи пламени видливи на местото на нападот. Непосредно пред експлозиите, украинските воздухопловни сили издадоа предупредување за закана од балистички ракети за главниот град. Overnight Russian ballistic missile attack on Kyiv. 6 Iskander-M/S-400 ballistic missiles were launched in total, targeting the Solomianskyi District of Kyiv. Large fires broke out in an industrial zone following the impacts. In total, Ukraine launched at least 9 Patriot PAC-3… pic.twitter.com/FplN1CuJSB — AMK Mapping 🇳🇿 (@AMK_Mapping_) July 26, 2026 Последици Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека остатоците од ракетата погодиле 18-катна зграда во населбата Шевченко. Паѓачките остатоци предизвикале пожар што се проширил на седмиот и осмиот кат. Државната служба за вонредни ситуации подоцна објави дека се регистрирани и изгаснати пожари во населбите Десњански, Шевченко и Соломјански. Во нападот, исто така, изгореле неколку автомобили, нестанбена зграда и напуштена четирикатна зграда. Според првичните информации, немало жртви во нападот. Проценката на вкупната материјална штета е во тек. Напад по предупредувањето Нападот се случи откако претседателот Зеленски ден претходно предупреди дека Москва планира голем ракетен напад врз Киев во рок од 48 часа. „Нашите разузнавачки информации и информациите од партнерите укажуваат дека Русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина. Според прелиминарните информации, ова би можело да се случи во следните 48 часа“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Нападот се случи само два дена откако руска балистичка ракета погоди изложба на оружје во Киев на 24 јули. Официјални извори потврдија дека 10 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во тој напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter