Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
1Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
КултураПромовирано петтомното издание „Бигорска хроника - архијерејско петлетие“Во познатото древно светилиште Бигорскиот манастир беше промовирано најново книжевно петтомно издание „Бигорска хроника - архијерејско петлетие“.- Ова монументално дело, издадено во пет тома, претставува духовен летопис и сведоштво за најзначајните настани од животот на нашата Света Обител во последните пет години од архијерејското служење на нашиот возљубен старец и владика, г. Партениј. Ова дело претставува благодарствен дар на Братството за својот духовен родител и воедно возобновител на монаштвото, преосветениот епископ Антаниски г. Партениј, по повод трите значајни јубилеи што ги одбележуваме оваа година: 55 години од неговото раѓање, 30 години монаштво и 5 години архиjерејско служење, рече архимандритот Кирил, уредник на изданието. Промоторот на делото, универзитетскиот професор д-р Александар Спасеновски, меѓу другото, истакна дека „оваа хроника не е обично сведоштво на минливи настани, туку духовна повест за преобразувањето на душите на луѓето преку љубовта Христова, што се излева во делото и подвигот на владиката Партениј“. - Во еден свет кој често ја губи врската меѓу духовното и културното, Бигорски сведочи и дека вистинската култура произлегува од верата, а вистинската вера секогаш создава култура. Во последниве години, обителта не е само место на молитва, туку и извор на духовна уметност, културна креативност и општествено добротворство. Од страниците на хрониката дознаваме за десетици настани што го сведочат овој холистички пристап. Концерти на духовна музика, изложби, промоции на книги, уметнички колонии, кампови за деца, предавања. Тоа се вистински духовни продолженија на молитвата, рече Спасеновски. Тој посочи дека „владиката Партениј одамна ја надминал границата на традиционалното сфаќање за монаштвото и со својот пристап секојдневно покажува дека црквата може да биде современа, без да биде површна, дека може да зборува со јазикот на културата, без да ја изгуби својата духовна длабочина, дека може да ги допре срцата на младите, без да се откаже од вистината на Евангелието и во тоа се состои неговата визија“. - Петтомното издание на „Бигорската хроника – архијерејско петлетие“ е исповед на едно време, на една заедница и на една вера. Петте тома, собрани во едно, се како пет свеќи запалени во темнината на современиот свет. Секоја со своја светлина, но сите со еден извор. Но, ова важно дело не е завршен труд. Тоа е отворена книга на една жива историја што продолжува да испишува светли страници. Зошто, како што во Црквата нема последна литургија, така и ова дело не завршува со петтиот том. Напротив. Сега само заокружуваме едно поглавје за веднаш да се отвори следното и, верувам, уште поплодоносно. Секоја генерација ќе чита различно. Но, суштината ќе остане иста, нагласи Спасеновски. И затоа, додаде, „ова дело треба да се доживее и како потвра за нечија посветеност, но и како повик, како потврда за големото национално дело на владиката Партениј за народот, за црквата и за државата, потврда за тоа како едно манастирско братство и сестринство, со молитва и љубов, може да направи повеќе за единството на Црквата и за угледот на државата отколку многу институции заедно“. - Професорот Александар кажа многу и големи нешта. Јас, пак, можам само да му заблагодарам на Сесветиот Бог што нè удостои да ги доживееме чудесните пројави на Неговата милост. Она што некогаш само го посакувавме, па и го сонувавме, да се обнови општежителното монаштво во нашата Татковина, денес е реалност. Верувајте, тоа беше моја длабока желба отсекогаш, но никогаш не сум посакувал да бидам јас оној кој ќе основа манастир, ниту пак да бидам игумен или старец. Тоа беше нешто што навистина не го замислував за себе, рече владиката Партениј во беседата на благодарност. На промоцијата присуствувале и амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, протоѓакон проф. д-р Ратомир Гроздановски, од Богословскиот факултет во Скопје, јеромонахот Лука од светогорскиот манастир Ксенофонт, свештеници, професори, луѓе на пишаниот збор, општествени дејци и верници.Тагови: Бигорскиот манастир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж... Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж, две нови училишта и противпожарна станица.Во телевизиско гостување градоначалникот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски најави интензивирање на реализацијата на неколку капитални проекти во главниот град, меѓу кои завршување на дел од проектот „Лимак“, изградба на две училишта, нова противпожарна станица и активности за возобновување на Луна паркот. Ѓорѓиевски истакна дека проектот „Лимак“ е еден од најзначајните инфраструктурни зафати за Скопје, кој, според направените студии, треба да го намали сообраќајниот метеж за најмалку 33 проценти. „Лимак е еден од најзначајните капитални проекти во главниот град којшто по сите студии, сообраќајни за 33 проценти најмалку ќе го намали сообраќајниот метеж во главниот град, тоа е државнички потег и проект не е само градски. Е сега, Лимак, целта ни е, втората половина од наредна година, да го завршиме овој дел, фазата од Кисела Вода, таму содржи два кружните текови големи, рампата пристапна во тунелот и се останато, и напоредно да влеземе во процес со последната фаза, тоа е од кај Нова Македонија“, рече Ѓорѓиевски. Меѓу инфраструктурните зафати градоначалникот Ѓорѓиевски ја посочи и изградбата на третата лента на влезот во Скопје, во општина Гази Баба, која исто така е планирана за следната година, а воедно најави и изградба на две нови училишта. „Тука би јас споменал третата лента на влезот на Скопје во Гази Баба, кој што исто така наредната година, ќе го правиме и уште еден сет капитални проекти. Многу е добро што предвидовме средства за брзо од денес кај распишеме тендерска постапка после години, во градот Скопје ќе почнат паралелно да се градат две училишта. Едно ново училиште средно во Ѓорче Петров, едно училиште е во Драчево, тоа се руинирани стари бараки, ние треба многу да инвестираме во образованието и затоа имаме годинава капитални инвестиции како никогаш до сега во образованието“, истакна Ѓорѓиевски. Како дел од развојните планови за Скопје, градоначалникот ги најави и противпожарна станица и Луна паркот за кој во наредниот период треба да започнат конкретни активности. „И еден од клучните проекти е нова противпожарна станица која што ќе биде на Тромеѓе, средства обезбедивме, земјиштето ни го предаде Владата. Веќе во катастар се направи промената и за брзо од денес ќе ја распишеме тендерската постапка, така да јас ќе бидам исто така градоначалник кој што ќе биде запаметен дека после многу, многу години изградил противпожарна станица во главниот град, изградил две училишта, го изградил Лимак и уште неколку клучни капитални проекти за главниот град. И тука би го додал и Луна паркот за кој што многу брзо од денес ќе почнеме со одредени активности“, вели Ѓорѓиевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
СветТрамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на ФлоридаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида. Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20. По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаГодишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГЗемјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји. Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност. Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка. МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook