Промовирани нови 12 книги од кои се учи на најреномираните универзитети

Дванаесет нови дела од проектот за превод на 100 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните светски универзитети денеска беа промовирани во Скопје.

Со нив, досега вкупно се преведени 919 дела од областа на природно-математичките науки, филозофијата, електротехниката и машинството, компјутерските науки, менаџментот, ликовните науки.....

Поголем дел од денеска промовираните книги се од областа на компјутерските науки и информатиката, како и од електротехничките и машинските струки.

Премиерот Никола Груевски, кој заедно со заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на промоцијата, истакна дека овие две полиња се од исклучително значење за Република Македонија.

- Развојот на ИТ секторот во Македонија е поле на кое во изминатите неколку години макотрпно и посветено се работеше. Тргнувајќи од обезбедувањето на комјутери и интернет за сите ученици, општата и масовна едукација на населението за работа на компјутер и интернет, масовната имплементација на ИТ можностите во административните услуги, преку стимуалција за отворање на нови смерови, факултети и нов универзитет за информатички науки и технологии во Охрид, па се до бројните стипендии за поттикнување на многу млади да ги изичуваат информатички науки и технологии, нагласи Груевски.

Тој напомена дека од значење за државата се и стручните кадри во делот на техничките науки кои се дефицитарни на пазарот на трудот и особено барани од домашните и странските компании.

- Од тие причини Владата на Република Македонија во континуитет презема мерки за стимулација на младите за насочување кон техничките науки. И во овој случај, литературата и кинигите од кои се учи е особено важна, посебно затоа што странските компании особено ги ценат кадрите кои имаат познавања и стручност кои се компатибилни со знаењата на развиените западни држави. Токму затоа во проектот за „Превод на 1000 стручни и научни книги и учебници се вклучени голем број дела од овие науки, рече Груевски.

Тој најави дека проектот се проширува со уште 200 нови книги од кои за првите 50 веќе е објавен јавниот повик за превод и печатење.

Заменик-министерот Спиро Ристовски нагласи дека веќе е започната постапката за набавка на книги од областа на пегадогијата, земјоделството и медицината.

- Македонските студенти треба и мора да бидат на исто рамниште со нивните колеги од најреномираните универзитети, рече Ристовски, апелирајќи до студентите да ја користат оваа литература.

Секс-бомбата бара момче: Треба да биде богат и убав

Откако пропадна љубовната врска на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара ново момче, изјави извор за „Page Six“.

- Потребна и е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви има? Пет, десет? - изјави изворот.

Изворот како една од можностите го предложи од неодамна слободниот Том Круз. Ѕвездата од „Топ Ган“ неодамна раскина со Русинката Елсина Каирова.

Извор: Аваз

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

притисни ентер