Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
КултураПромовирани 15 популарни изданија за културното наследство Петнаесет нови изданија (десет на македонски и пет на англиски јазик) од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“ промовираше денеска Управата за заштита на културното наследство во Археолошкиот музеј на Македонија. На македонски јазик беа промовирани: Црквата Св.Богородица – Матејче; Црквата Св.Богородица Елеуса - Вељуса; Керамичките релјефни плочи од Виница; Маркови кули, Варош – Прилеп; Таор (Антички населба Тауресиум); Баргала; Манастирот Трескавец; Тумба Маџари, археолошки локалитет и неолитско село; Црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново и Муниципиј Стобенсум. Во превод на англиски нови се пет наслови: Municipium Stobensium; The History of Discovering the Site of Isar - Marvinci; The Medieval Fortress of Isar - Shtip; Kokino - a Holy Mountain and Observatory for 4000 Years; The Great Bath of The Late Roman Thermal Spa in the Village of Bansko. Изданијата се популарни, напишани на разбирлив јазик и наменети за пошироката публика. Ќе бидат достапни во малопродажба и во музејските продавници. Со нив бројот на наслови во оваа едиција достигна 45. „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“ е повеќегодишен проект на Управата, во кој се планирани 130 монографски публикации за најзначајните археолошки локалитети, профани и сакрални објекти и природни богатства. Управата ја организираше промоцијата во рамки на одбележувањето на Европската година на културното наследство. Директорката на УЗКН Елеонора Петрова-Митевска рече дека со преводот на англиски јазик се овозможува за културното наследство на Македонија да дознае европската и светската јавност. - Авторите на овие изданија го вложиле својот елан, енергија, долгогодишно искуство да направат една популарна едиција, која е интересна за граѓаните. Едицијата е европска културна вредност и ќе им ја доближиме во годината на европското културно наследство, рече Петрова-Митевска. Според министерот за култура Роберт Алаѓозовски, целта е да се афирмираат бројните и бесценети културно-историски знаменитости. Истакна дека врвен приоритет на Министерството е заштитата и промовирањето на културното наследство и дека унапредувањето на неговата состојба има посебно место во културните политики. - Во наредниот период ќе се посветиме на изработка на стратегија и нова односно модифицирана законска рамка за заштита на културното наследство. Ќе ги поттикнуваме студиските програми за конзервација и реставрација на движното и недвижното наследство, а ќе ги решаваме и проблемите околу стандардите за конзервација, идентификација, евиденција и валоризација на културните предели, рече Алаѓозовски, очекувајќи дека ќе се остварат посакуваните резултати и, како што рече, нашиот богат културен трезор ќе стане препознатлив за жителите на Европа и на светот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter