Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
1Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
КултураПромовирана публикацијата „Римски театар-Скупи“ Публикација „Римски театар - Скупи“ (истражувања 2013-2016) од група автори денеска беше промовирана во Музејот на Град Скопје.Издавањето е реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура и помогнато од Управата за заштита на културно наследство, Музејот на Град Скопје и Филозофскиот факултет. Промоторот и рецензент, професорката Елица Манева истакна дека публикацијата е обемен, квалитетен и драгоцен придонес за археолошката наука, не само за македонската, туку и за регионалната и за пошироката научна мисла на оваа тема. - За мене најнеочекувано и најретко археолошко откритие, не само во Скупи туку и во поширокиот регион, е средновековната метропола чии карактеристики ги обелодени Игор Кузмановски, рече Манева. Додаде дека веројатно уште многу долго ќе се расправа за постоењето бизарни погребни ритуали. Деканот на Филозофскиот факултет во Скопје Ратко Дуев потенцира дека во истражувањата покрај стручна екипа од Музејот на Град Скопје биле вклучени професорите и 60 студенти од овој факултет. - Ова е редок пример на публикација која се објавува веднаш по завршувањето на истражувањата и претставува плод на тимска работа, каде се вклучени повеќе стручни лица од различни профили-археолози, антрополози и нумизматичари, рече Дуев. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досегаОд вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми. Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот. Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот. Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседателЛиберално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедииФилипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област. Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие. На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип. Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови. Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите. Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница. На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter