Промовирана нова музејска едукациска алатка „Аферата Мис Стон“ - Канал 5

Промовирана нова музејска едукациска алатка „Аферата Мис Стон“

Нова едукациска алатка „Аферата Мис Стон“ промовираше денеска Музејот на македонската борба. Ја изработија студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ со поддшка на Британскиот совет, а под менторство на проф. Бобан Јоксимоски.

Промовирана нова музејска едукациска алатка „Аферата Мис Стон“
Станува збор за интерактивна 3Д веб-сцена наменета за учениците од основното и средното образование и за сите кои сакаат да научат повеќе за овој настан од македонската историја. Алатката може да се користи како ИКТ-метод во наставниот процес и беше промовирана пред наставници од основните и средните училишта од Скопје.

Директорот на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ истакна дека со алатката наставниците по историја, македонски јазик и други предмети ќе можат во вид на видео игра да симулираат настани од историското минато.

- Овој пат земен е примерот со аферата Мис Стон која е позната на јавноста и сметаме дека ќе биде многу атрактивна и методологијата ќе предизвика голем интерес кај учениците. Има одѕив на дури 194 наставници само од Скопје. Очекувавме 20 до 30 наставници, но ова покажува само каков интерес има за ваков вид настава и не радува што тука се наставниците од македонска и од албанска настава и тоа покажува дека сме во вистинска насока, истакна Светозаревиќ.

Посочи дека со оглед на тоа дека се пријавиле 194 наставници од Скопје ќе им излезат во пресрет на сите.
- Можеме од 20 до 30 наставници во еден ден да обучиме, но во текот на годината ќе направиме уште неколку обуки и сме отворени за натамошна соработка и со наставници од другите градови, додаде Светозаревиќ.

Проектот го претставија студенти од трета и четврта година на ФИНКИ, меѓу кои и Антонио Димовски, кој рече дека идејата била да се направи околина во која студентите и заинтересираните за оваа тема ќе може да пробаат интерактивно да учат некој одреден тип историја.

- Во нашиот проект гледавме да ги опишеме искуствата на Мис Стон со целосна анимација каде тие што го прават ова може да се шетаат низ самата сцена и да имаат интеракција со објектите на сцената. Ни требаа околу два месеци да го изработиме овој проект со неколку часа работење речиси секој ден. Сакавме да го посветиме нашиот прв проект на Мис Стон, бидејќи сметаме дека историски таа е многу важна личност која има голем импакт на македонската историја. Целото искуство беше многу пријатно, додаде Димовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирина Шајк како ѓаволица на Ноќта на вештерките- сите се воодушевени (ФОТО)

Манекенката Ирина Шајк (40) избра смел костим за овогодинешната Ноќ на вештерките, кој привлече големо внимание на социјалните мрежи. 

Ирина Шајк како ѓаволица на Ноќта на вештерките- сите се воодушевени (ФОТО)

Таа носеше тесен црвен комбинезон од сјаен материјал, а комбинацијата ја надополни со високи потпетици и ѓаволски рогови.

На фотографиите што ги сподели на Инстаграм, таа позира во комбинезон со долги ракави и висока јака што ја нагласува нејзината фигура. „Ангел претворен во ѓавол“, напиша таа покрај објавата, која собра повеќе од 163.000 лајкови.

Меѓу бројните реакции, се издвоија коментарите на познати лица од светот на модата. Дизајнерот Рикардо Тиши остави емотикони во форма на црно срце, додека моделот Даниела Понтес рече: „Воау“.

Црвен комбинезон и впечатлива шминка

Покрај самиот костим, вниманието го привлече и нејзиниот изглед. Таа ја стилизираше црната коса во бујни локни што паѓаа преку рамената, додека челото ѝ беше украсено со внимателно стилизирани бранови коса. На главата носеше црвени рогови што дополнително ја нагласуваа целата комбинација.

Шминката беше подеднакво импресивна. Таа ги нагласи очите со смело црно мастило и светкава сенка за очи, а на усните стави темноцрвен кармин со сјаен финиш. Исто така, избра црвен маникир што одговара на костимот, чиј сјаен материјал беше особено видлив на фотографиите направени со блиц.

По модната писта, Ноќта на вештерките со семејството

Фотографиите пристигнаа кратко по нејзиното враќање на модната ревија на „Викторијас сикрет“, одржана на 18 октомври во Лос Анџелес. Во интервју за ¡HOLA! зад сцената, таа зборуваше за самодовербата и предизвиците што ги носи таа. „Мислам дека е многу тешко да се има самодоверба денес“, рече таа.

Покрај тоа што го покажа својот гламурозен костим, Ирина дел од Ноќта на вештерките го помина и со своето семејство. Со нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер, и нивната ќерка Леа, таа посети куќи и собираше слатки во Њујорк.

„40-тите години се новото најдобро време за жените“

Ирина го прослави својот 40-ти роденден во јануари, а во неодамнешното интервју за „Вог Арабија“ зборуваше за стареењето, убавината и прифаќањето на телото. „Луѓето треба да се опуштат бидејќи четириесеттите години се новото најдобро време за жените. Тоа е нов почеток“, рече таа.

Таа, исто така, се осврна на нереалните очекувања што ги следат жените во модната индустрија. Таа нагласи дека професионалните фотографии не мора нужно да покажуваат како изгледа во секојдневниот живот и отворено зборуваше за брчките и целулитот.

Таа, исто така, призна дека научила повеќе да го прифаќа своето тело со текот на годините, по долг период во кој се чувствувала притисната да се вклопи во одредени стандарди за убавина. Денес, таа се обидува да најде време за себе и покрај деловните обврски и грижата за својата ќерка. Меѓу навиките што станаа дел од нејзината рутина, таа ги издвои здравата исхрана и посетите на руската сауна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи дека со образложението за ваквиот потег се доведува во прашање способноста на безбедносните институции. Таа порача дека, доколку власта остане доследна на наведените оценки, треба да следат оставки од министерот за внатрешни работи и од директорите на разузнавачките агенции.

На расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Петровска го оспори пристапот со кој утврдените недоследности се решаваат со укинување на законот, наместо со нивно отстранување.

„Не постои во нашата поблиска и подалечна историја која било влада што ќе даде карактеристика за безбедносно-разузнавачките служби дека се неспособни. Ако сакате да бидете доследни на она што сте го напишале, очекувам откако ќе се усвои законот да следат и оставки на оние што се одговорни во МВР, директорите на АНБ и Агенцијата за разузнавање и надлежните институции“, рече Петровска.

Таа посочи дека надлежните имале една година да ги коригираат констатираните недоследности, но наместо тоа сега предлагаат престанување на важењето на законот.

Според Петровска, укинувањето на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница претставува сериозен безбедносен проблем, особено во услови кога соработката меѓу институциите е клучна за одговор на глобалните предизвици.

„Дали ова значи дека безбедносните институции немаат капацитет да одговорат на глобалните предизвици?“, праша таа.

Дополнителна загриженост, според неа, предизвикува тоа што укинувањето на законот се предлага во период кога Владата најавува обединување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Петровска оцени дека евентуалното спојување на службите не треба да започне со отстранување на постојните механизми за координација, без претходно да се понуди јасна слика за идната институционална поставеност и начинот на кој ќе се обезбеди нивната соработка, се наведува во соопштението на Петровска. .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечер

Во рамки на посетите на урбаните и месните заедници, вечерва остваривме средби со жителите на локациите Киро Крстев, Браќа Џунови, Страшо Пинџур 1 и Страшо Пинџур 2.

Јанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечер

Преку непосредна комуникација, размена на мислења и конкретни предлози, ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите за Програмата за работа за 2027 година.

Продолжуваме да бидеме на терен, таму каде што се создаваат најдобрите решенија – во директен разговор со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер