Промовирана монографија за Архивот во Тетово - Канал 5

Промовирана монографија за Архивот во Тетово

Педесет години дејност на Архивот во Тетово, во периодот 1961-2011, се содржани во монографијата за оваа институција, која ја напиша м-р Младен Матовски и беше промовирана денеска во Тетово.

Промовирана монографија за Архивот во Тетово
На нејзината реализација авторот работел околу една година, но таа порано не била објавена поради немање средства кои сега се обезбедени во соработка со Државниот архив на Македонија.

Монографијата се состои во три дела - првиот е посветен на дејноста на Архивот од неговото формирање, неговиот правен статус и одделенијата во негов состав, вториот дел е посветен на регистерот на архивските фондови и збирки, а во третиот дел се опфатени факсимили на позначајни документи шти ги има во тетовскиот архив.

Во депоата на тетовското одделение на архивот на Македонија се чуваат околу 770 архивски филмови и збирки, од кои најголем дел се од периодот по 1945 година, додека само 5 отсто се од периодот пред 1945.

Според рецензентот на монографијата, Иван Алексов од Архивот на Македонија во Скопје, во првите 50 години од својата работа тетовското одделение постигнало завидни резултати, а неговата важност ја покажува податокот дека 20 илјади граѓани имале поднесено и добиено одговор по разни барања околу имотно-прави и други прашања.

Што се однесува до монографијата, Алексов смета оти во неа авторот системски се осврнал на заштитата и прибирањето на архивската граѓа, кадровската структура, така што таа ќе биде користена во понатамошни научно-истражувачи проекти за регионот и пошироко.

Бранислав Светозаревиќ, поранешен раководител на тетовското одделение на архивот, а сега директор на Музејот на македонската борба во Скопје, рече дека оддлението успеало во првите 50 години од своето работење да ги собере сите паметници од документи, од Јажинце на север до Скудриње на југ, за она што е важно и е дел од живеењето на луѓето во овој простор и што целосно е опфатено во монографијата на Матовски./МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за политичките промени во  неговата земја на прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Ноле истакна дека во текот на својата кариера го претставувал својот народ и изрази надеж дека неговата земја ја очекува подобра иднина.

Повод за тоа било прашање од новинар кој претходната недела престојувал во Србија. Тој го пренесол впечатокот дека никогаш нема видено толку многу среќни луѓе, но и ставовите на соговорниците кои сметаат дека Ѓоковиќ претходно бил изложен на неправедни критики и обиди за дискредитација од страна на државниот врв.

Новинарот се интересирал како тој се справува со еден таков однос, особено со оглед на успехот што ѝ го посвети на Србија и патриотизмот што го истакнуваше.

Ѓоковиќ одлучи одговорот да го насочи кон иднината.

– Нема да зборувам за минатото, ниту пак ќе го коментирам. Минатото е минато и се надевам дека ова е нов почеток за нашата земја. Да, јас сум патриот, но секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата. Тука постои голема разлика. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека нашата земја ќе напредува и ќе има добра иднина – рече Ѓоковиќ.

Во продолжение на конференцијата, фокусот се префрлил на неговите спортски амбиции.

Ѓоковиќ беше прашан за неговиот пристап кон натпреварувањата и за мотивацијата за настапи надвор од четирите најголеми турнири. По „Ју-Ес Опен“, тој почесто излегуваше на теренот, па новинарите се заинтересираа дали ги променил своите приоритети. Неговиот одговор покажа дека грен слем турнирите сè уште заземаат посебно место во неговите планови.

– Грен слем турнирите, се разбира, сè уште се најважните турнири што ги имаме. За мене, а верувам и за 99 отсто од играчите. Тоа се историските столбови на нашиот спорт, турнири на кои сакате да го прикажете својот најдобар тенис и да го запишете своето име во историјата. Сè уште сакам да го дадам својот максимум на грен слем турнирите, но, секако, би сакал да играм добро и на другите турнири – изјави Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад

Во текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад

Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на месецот октомври земаа учество и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влез

Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм.

Недела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влез

Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Програмата ќе биде отворена во среда, на 4 ноември, со „Чекор“ на режисерот Кен Иизука, емотивна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Низ нивното секојдневие, филмот зборува за родителството, загубата и силата на семејната блискост.

На 5 ноември ќе биде прикажан „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, напнат трилер за лекар кој се соочува со опасен натрапник и со тајните на болницата. На 6 ноември следува „Речиси чудо“ на Јуја Ишии, приказна за младоста, добрината и првите љубовни чувства.

На 7 ноември на програмата е „Деца на морето“ на Ајуму Ватанабе, визуелно впечатлива анимирана авантура што ја истражува поврзаноста на човекот со морето и природата.

Циклусот продолжува на 9 ноември со „Банана? Во ова време од ноќта?“ на Тецу Маеда. Инспириран од вистинска приказна, филмот ја следи решеноста на човек со мускулна дистрофија да живее самостојно и неговите односи со волонтерите кои му помагаат во секојдневието.

Неделата на јапонски филм во Скопје ќе заврши на 10 ноември со „Иване: Меч на спокојот“ на Кацухиде Мотоки, историска драма за самурај кој се обидува да започне нов живот, но се вплеткува во опасен заговор во периодот Едо.

Преку различни жанрови и авторски пристапи, програмата отвора простор за запознавање со јапонската култура и со приказни за семејството, љубовта, солидарноста и личната слобода.

На 11 ноември програмата ќе продолжи во Центарот за култура во Битола, со проекции на „Деца на морето“ и „Чекор“.

Сите проекции во Кинотеката се во 19:00 часот. Влезот е бесплатен, без резервации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер