Промовирана книга за Македонците „Голо Брдо-Албанија“ на руски професори - Канал 5

Промовирана книга за Македонците „Голо Брдо-Албанија“ на руски професори

Во Албанската академија на науките во Тирана, промовирана е книгата „Голо Брдо-Албанија“на група руски автори.

Промовирана книга за Македонците „Голо Брдо-Албанија“ на руски професори

На промоцијата зборуваа дел од авторите, унверзитетските професори Аленксандар Новик и Александра Дугушина.

- Книгата е посветена на Македоците од оваа област, а опфатени се многу аспекти од нивниот живот, јазик, култура и традиција. Посебен акцент е ставен на богатата и преубава народна носија на Македонците од Голо Брдо. Отстапен е простор на нивниот соживот со соселаните Албанци, - изјави за МИА Никола Ѓурѓај познат новинар и публицист, кој потекнува од овој крај.

Професорите од Унивезитетот во Санкт Петербург, кои биле дел од балканската експедиција, во периодот 2008/2010 година прибирале материјал од областа на лингвистиката, етнолингвистиката, етнографијата, историјата, фолклорот од населени места со различен етнички состав, со цел понатамошна нивна анализа.

- Она што посебно треба да се истакне е фактот што во книгата уважените професори ни во еден миг не споменуваат постоење на друг ентитет освен Македонците и Албанците, што е уште една огромна потврда дека во областа Голо Брдо не живеат Бугари, како што се обидуваат вештачки да го создадат професори и политичари од Бугарија, посочува Ѓурѓај.

Од областа Голо Брдо, по поделбата на Македонија, во 1913 година, на албанска страна останале 22 села од нив 19 населени само од Македонци додека во три има и Албанци. На македонска страна останале четири села.
Книгата „Голо Брдо-Албанија“ е отпечатена на руски и на албански јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар со трофеј ја отврои новата сезона

​Петти Суперкуп за Вардар и петта потврда дека шампионскиот карактер се гради со години, но се докажува на терен. 

Вардар со трофеј ја отврои новата сезона

Новата сезона започна онака како што доликува на шампион, со трофеј во рацете.

РК Вардар 1961 го освои Суперкупот на Македонија, совладувајќи го ГРК Охрид со 32:31 во драматичен и до последната секунда неизвесен дуел во Гевгелија. „Црвено-црните“ покажаа карактер, сила и победнички менталитет и стигнаа до петтиот Суперкуп трофеј во историјата на клубот.

За Вардар, трофејот е повеќе од одличје. Тој е продолжение на традицијата, потврда на амбициите и силна најава за сезоната што следува. Двојниот европски шампион повторно ја потврди својата позиција како најуспешен клуб во историјата на Суперкупот на Македонија. Новата сезона допрва започнува. Следуваат нови предизвици, нови битки и нови цели на домашната сцена, во трката за двојната круна, но и на европскиот терен.

Ние веруваме дека Вардар има сила за нив. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговиот квалитет и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат генерации вардарови навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто

„Македонија губи време, а со изгубеното време ги губи и генерациите. 

Филипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто

Најскапото нешто во еден човечки живот е токму изгубеното време“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија.

Филипче посочи дека Македонија веќе предолго стои во место и дека додека соседите напредуваат на европскиот пат, државата губи драгоцено време и можности.

„Албанија до крајот на 2025 година ги отвори сите 33 преговарачки поглавја, а во јули оваа година започна и со нивно затворање. Црна Гора до 14 јули имаше 18 привремено затворени поглавја. Македонија, која некогаш беше пред нив на европскиот пат, сè уште чека да го отвори првиот кластер. Тоа е факт од кој нема засолниште во патриотска реторика. Можете секој ден да објаснувате дека сте победиле со тоа што не сте направиле ништо. Граѓанинот на крајот ќе види кој се движи напред, а кој стои во место, или назадува“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче нагласи дека времето поминато без суштински реформи и без напредок кон Европската Унија не е само политичка статистика, туку директна загуба за државата и нејзините граѓани.

„Власта две години ја уверува јавноста дека ќе издејствува нови услови, нова формула, подобра преговарачка позиција. Европската позиција во јуни 2026 година остана недвосмислена. Во меѓувреме соседите отвораат и затвораат поглавја. Тоа не се само поглавја. Тоа се успешни и тешки реформи кои најчесто не се популарни. Тоа веќе не е дипломатска тактика. Тоа е изгубено време. Најскапото нешто во еден човечки живот. Македонија има потрошено премногу генерации на изгубено време“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека европските интеграции се најголем државен интерес и дека за нив не се потребни декларации и политичка реторика, туку конкретни одлуки и работа.

„Европските интеграции не му припаѓаат на СДСМ. Не му припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Не му припаѓаат на ниеден претседател, премиер или министер. Тоа е најголем државен интерес. Не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се прави да се стаса до целта. Зад поглавјата стојат судови што треба да судат независно. Администрација што треба да му служи на граѓанинот. Почиста животна средина. Побезбедна храна. Подобри патишта. Поголема конкурентност на фирмите. Повеќе европски пари за училиштата, инфраструктурата, енергетиката и дигитализацијата.

Тоа е наједноставната формула на европскиот процес. Реформа, резултат, средства, подобар живот“, потенцираше Филипче.

Филипче порача дека Македонија нема повеќе време за нови одложувања и нови изгубени децении.

„Последното големо поглавје сè уште не е завршено. Нашата генерација треба да ја заврши работата. Без нови изгубени децении. Без производство на предавници за секој тежок компромис. Без лажен патриотизам кој е најгласен пред камерите, а немоќен и кукавички кога треба да се донесе резултат. Без свечености со кои ќе си докажуваме колку сме успешни додека нашите деца го бараат успехот во други држави. Пред 35 години граѓаните ја избраа независноста. Нашата задача денес е таа независност да има содржина. Добар живот. Праведно општество. Функционална држава. Сигурна иднина. Европска Македонија. Така ќе му оддадеме почит на Киро Глигоров. Не само со филм. Туку со завршена работа“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер