Промовиран зборник „Македонка– рган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“ - Канал 5

Промовиран зборник „Македонка– рган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“

 Промоција на зборникот: „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“.

Промовиран зборник „Македонка– рган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“

Во Музејот на Република Македонија во рамки на проектот Архиви на невидливите, Центарот за истражување на национализмот и културата – ЦИНИК – Скопје, во соработка со Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО го организираа мултидисциплинарниот настан кој вклучуваше отворање на самостојна изложба на уметницата Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“ и промоција на зборникот: „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“.

Уредничките на изданието Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска, заедно со другите автори Дарко Стојанов – Леитнер, Мања Величковска и Христина Иваноска ги презентираа наодите од истражувањето, по што следеше тркалезна маса за перспективите на истражувањето на ова прво женско списание на македонкси јазик и неговата индивидуелна, институционална и јавна димензија, каде свои излагања имаа Вера Бунтеска, Билјана Котевска, Јелена Милинковиќ и Душица Лазова. Модераторка и промоторка на книгата беше Ана Василева.

Според изјавите на сите инволвирани, овој проект посветен на списанието „Македонка“ е од исклучителна важност во проучување на периодиката од Југословенскиот простор и оваа збирка нуди потенцијал за понатамошни истражувања од повеќе дисциплини. Вклучените во проектот ќе работат понатаму во насока на дигитализација на списанието со цел доближување на содржините од оваа периодика до јавноста.

Преку својата изложба Христина Иваноска се задржува на првиот број на „Македонка“ кој се појавува за прв пат во извонредно тешки услови на 7 ноември 1944 г. Фокусирајќи се на својата методологија на работа, Иваноска издвојува три суштински поими на перформативното: текст, глас и тело, околу кои се конципираше поставката на изложбата. „Документот што недостига“ е долгогодишен истражувачки, концептуален и ликовен проект на Иваноска започнат во 2014 година, а кој се однесува на формите, наративите и естетиката на политичкото дејствување на жените во Македонија во првата половина на 20 век и нивното поврзување со денешните форми на отпор.

Во недела на 6 ноември од 11-13 часот, во рамки на „Маалски фестивал“ на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, ќе се организира прошетка низ изложбата во Музејот на Македонија водена од уметницата Христина Иваноска. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 30 ноември годинава.

Центар за истражување на национализмот и културата – ЦИНИК од Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)

Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.

Огромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)

На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф.

Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи.

- Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?;

- Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)

Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. 

Италијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)

Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha.

- Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави.

Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша.

„Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“

Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“

Но, потоа таа го покажува решението.

„Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува:

„Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“

А потоа таа демонстрира како изгледа.

Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената.

Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.

Неверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)

Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар.

Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент.

Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците.

Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини.

France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер