Промовиран водич за декарбонизација преку инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ за малите и средни претпријатија - Канал 5

Промовиран водич за декарбонизација преку инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ за малите и средни претпријатија

 Македонските компаниии треба да преминат кон поодржливо и нискојаглеродно работење со цел намалување на јаглеродниот отпечаток и постигнување на јаглеродна неутралност. 

Промовиран водич за декарбонизација преку инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ за малите и средни претпријатија

Со оглед дека од 01.01.2026 година ЕУ стартува правилото „загадувачот плаќа“ за производи од трети земји, вклучувајќи ги и оние од Македонија, согласно нивото на јаглероден отпечаток при нивното производство, Стопанската комора и Европската инвестициска банка, заедно со ЕУ и Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси, промовираа нов онлајн Водич за декарбонизација, наменет за малите и средни претпријатија во земјава, како практична алатка за подобрување на нивното знаење за потребниот капитал за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија (ОИЕ).

Министерството за енергетика, посочи министерката Сања Божиновска, ја поддржува иницијативата на Стопанската комора и Европската инвестициска банка за промоција на платформата и Водичот за декарбонизација. Божиновска, нагласи дека се уште не се знае што точно ќе значат промените од 01.01. 2026 година и најави дека за таа цел, следната недела во земјава доаѓа претседателот на Европската енергетска заедница Атрур Лорковски, со кого ќе имаат состанок на оваа тема.

-Ни беше укажано дека ќе се земе миксот на Македонија како држава. Тоа значи дека ние минатата година 40% имаме производство на електрична енергија од обновливи извори, и дека ќе биде тој микс. Нема да се гледа поединечно, туку за државата како една целина. Тоа беше кажано минатиот пат, меѓутоа нема ништо дефинитивно. Точни информации и податоци нема, ќе разговараме и со Министерството за европски прашања, бидејќи тие комуницираат со Брисел и следната недела се надевам ќе имаме повеќе детали, изјави Божиновска.

Прашана дали со таксата од 01.01.2026 година ќе бидат опфатени сите производи што се извезуваат од земјава или само од два сектори – челик и цемент, Божиновска рече дека би требало да бидат само овие два сектори, но нагласи дека треба да има транзициски период и спојување на пазарите и изземање, на што, како што појасни Божиновска, веќе работиме со Грција. -Тука ЕУ сама ги помести малку термините. Тоа ќе биде тема на дискусија, на 18 декември ќе имаме состанок, меѓутоа до тогаш ќе мора да ги дознаеме сите информации, изјави Божиновска.

Божиновска, посочи дека како Министерство, тие ја прават легислативата, меѓутоа не може сами, и дека имаат и помош од Европската инвестициска банка и поддршка од ЕУ за компаниите малку повеќе да се запознаат, бидејќи има и многу бенефиции.

-Секако тука има поддршка и од ЕУ. Тоа значи дека сме на добар пат бидејќи ги пренесоа сите искуства од ЕУ и ова е многу важно бидејќи нашиот дел за зелена транзиција, и ние сме дел од Праведната транзиција до 2030 година, значи ова само ќе потпомогне за бизнисите. На праведната транзиција, ние ги собравме сите финансиски институции, како што е Блумберг, Француската развојна банка, Италијанската развојна банка, кои ќе помогнат на македонските мали и средни компании. Се надевам тука ќе се организираат и обуки и ова ќе допре и до помалите и средните фирми. Ние ќе дискутираме до крајот на годината да се направат некои обуки и да се искористат практиките од ЕУ, што ќе им помогне на нашите компании, изјави Божиновска.

Претставникот на Европската инвестициска банка во Република Македонија, Бјорн Габриел, посочи дека последните анкети покажуваат дека околу 40 проценти од македонските компании се уште имаат недостиг од знаење за зелената економија и придобивките од неа.

-Сепак, свеснота расте и 27 проценти од македонските компании препознаваат дека зелените инвестиции може да ги направат покомпетитивни и околу 30 отсто согледуваат дека може да имаат раст во приходите. Ова покажува дека бизнис перспективата е јасна, зелените транзиции може да донесат раст. Инвестициите во зелената транзиција го модернизираат работењето, ја зголемуваат продуктивноста, ги намалуваат трошоците и помагаат за градење нови синиџири за извоз, нагласи Габриел.

Извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, нагласи дека комората ги прати трендовите и сето она што мора да се направи како промена и реформи и во нашето стопанство.

-Не постои елегантен начин и брза транзиција кон декарбонизација како генерален проблем, но комората е тука да проба на своите членки да им овозможи директен пристап до информациите кои ќе можат да придонесат компаниите полека да влегуваат во тој процес, изјави Пешев.

Обврските се обврски, нагласи Пешев, и во принцип ако компаниите имаат проблем, ќе разговараме на темата колку е тоа одложување што им е потребно за да го фатат приклучокот, меѓутоа откажување од тој процес не може да се направи, затоа што и како држава сме презеле обврски кои мора да ги исполниме.

-Колку и да чини, тоа ќе мора да биде составен дел на иднината на тие компании. За жал, ако се направени трошоци да разговараме со Владата за поволни кредити, за начин како тоа да се направи за таа позиција да биде полесна, изјави Пешев.

Стопанската комора и Европската инвестициска банка денеска промовираа нов онлајн Водич за декарбонизација, наменет за малите и средни претпријатија (МСП) во земјава, како практична алатка за поддршка на нивниот премин кон поодржливо и нискојаглеродно работење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)

Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. 

Ужас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)

По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице.

Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави.

Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око.

Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата.

Не се откажа и покрај страшните повреди

Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош.

Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. 

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!

Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции.

Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно.

На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена.

„Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас.

“Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас.

ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец.

Претседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа рече дека не може со сигурност да каже дали ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но истакна дека ќе бидат потребни значителни промени за ситуацијата да се одвива поинаку од она што таа го очекува.

„Знаеме дека стапките на инфлација ќе останат високи во наредните квартали“, рече Лагард во интервју за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“.

Таа додаде дека колку се повисоки и колку подолго остануваат високи, толку е поголем ризикот за среднорочната цел на ЕЦБ.

„Внимателно ги следиме индикаторите што укажуваат на идните случувања, како што се повеќегодишните договори за плати, очекувањата за плати на компаниите - и досега не гледаме знаци за промена на трендот“, рече Лагард, според „Блумберг“.

Со оглед на тоа што инфлацијата во еврозоната е двојно поголема од целта на ЕЦБ од 2 проценти, а економијата продолжува да расте стабилно, некои функционери сигнализираа можност за уште едно зголемување на стапката за четвртина процентна стапка следниот месец.

Тоа би бил најновиот потег во низата, по два такви потези откако војната со Иран ги зголеми цените на енергијата.

Сепак, клучното прашање е колку монетарно затегнување може да се справи валутниот блок од 21 земја без да го поткопа економскиот раст, објави Блумберг

Уште едно зголемување на каматните стапки би ги турнало трошоците за задолжување до горниот крај од опсегот каде што нивното влијание врз економијата се смета за безопасно.

Холанѓанецот Клас Кнот и Шпанецот Пабло Ернандез де Кос се борат да ја наследат, изјави претседателката на Еврогрупата во петокот.

На прашањето дали планира да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, Лагард одговори дека тоа не е нејзин план, но дека сака да зборува во дебатата и да го изрази своето мислење за кандидатите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер