КултураПромовиран роман за марсејскиот атентатМарсејскиот атентат и убиството на југословенскиот крал со српско потекло Александар Први Караѓорѓевиќ е тема на романот „Патувањето на Петар Келемен“ од авторот Александар Сашко Кукулев, кој беше промовиран вчеравечер на 80-годишнината од историскиот настан.Во книгата тој ги опишува настаните што му претходеле на атентатот, самиот атентат и потоа фаќањето на учесниците во атентатот, судењето и како завршил животот на секој од нив. Атентатори биле четворица - тројца усташи и терористот на ВМРО Владо Черноземски, кој бил со лажен чехословачки пасош и со лажно име (Петар Келемен), испратен како нивни инструктор по договорот на Ванчо Михајлов и Анте Павелиќ. Самиот настан има многу контроверзии, а авторот задира во две - кои биле други учесници во атентатот и кој им го донел оружјето на атентаторите во Марсеј зашто тие таму стигнале само со лажни пасоши. Биле истрелани 12 куршуми, а имало многу повредени луѓе во толпата за пречек на кралот. Покрај тоа, фатални за кралот, спред обдукцискиот извештај, биле два куршума во грбот, а Келемен (Черноземски) пукал директно во него во отворениот автомобил. - Клучно во книгата е кои се мистериозните помагачи на атентаторите кои го донеле оружјето во Марсеј. Се повеќе се доказите дека еден од нив бил Петар, кој не бил никој друг туку Јозеф Амброз, подоцна попознат како Јосип Броз и најпознат како водач на југословенските комунисти. Тој лично им го доставувал оружјето на атентаторите, изјави Кукулев, додавајќи дека книгата ја пишувал како роман на кој може да му се верува или да не му се верува. Со темата се занимавал околу 1,5 година и податоци собирал од весниците што излегувале во октомври 1934 година и од историски форуми. - Во Македонија на рака може да се избројат луѓето што имаат основни познавања за атентатот во Марсеј и целосната вистина што точно се случувало ќе биде кога Франција ќе реши да ги отвори своите архиви. За официјалната историја убиецот е Владо Черноземски или Петар Келемен, но мора да се пронајдат останатите, рече Кукулев, кој е дипломиран професор по безбедност и финансиска контрола и овој роман е негово прво прозно дело. Промоторите на изданието - Фердинанд Оџаков, Александар Стојчев, и Оливер Андонов, вчеравечер во Домот на АРМ, меѓу другото, се осврнаа и на историскиот контекст - геополитичките околности и односите на големите сили кои му претходеле на настанот, кои биле мотивите за тој акт и дали тоа било подготовка за настаните што следувале потоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаНиколоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. " Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај. Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИздадено е глобално предупредување за сајбер безбедност: Долго време не е видено вакво нештоВеб-страници на владини институции и бизниси ширум светот се онеспособени откако беше објавено критично ажурирање за сајбер безбедноста. Истакнат директор во технолошкиот сектор изјави дека „многу, многу долго време“ нема видено вакво нешто. Вештачката интелигенција (ВИ) откри две критични слабости во програмскиот јазик PHP, објави Скај Њуз. Двете би можеле да им овозможат на злонамерни актери неовластен пристап до веб-страниците и далечинска контрола врз веб-серверот, без потреба од лозинка. Џејмс Саливан, директор за сајбер прашања и технологија во Кралскиот институт за обединети служби (Royal United Services Institute) во Лондон, објасни дека еден од пропустите ја оштетува меморијата на системот, поради што тој повеќе не може да „памети“ одредени податоци. Ова би можело да му овозможи на потенцијален хакер да го искористи системот преку вметнување сопствен код. Другата ранливост доведува до тоа корисничките податоци да останат зачувани во системот наместо да бидат избришани – што значи дека хакерите би можеле да ги преземат или целосно да ги избришат. „Запрепастувачки“ Саливан изјави дека е „запрепастувачки“ фактот што некои од овие пропусти се стари повеќе од една деценија. Од компанијата OpenAI претходно изјавија дека станува збор за „еден од безбедносните проблеми со најголемо влијание во поново време“ и дека вештачката интелигенција ги открила овие ранливости пред тоа да го сторат напаѓачите. Како што веќе наведовме, сериозноста на заканата е оценета со 9,2 од 10. Тоа ја става заканата на критично ниво... Колкав е ризикот за обичните корисници? Бизнисите и организациите се повикани да ја проверат својата изложеност на ризиците поврзани со PHP, но што значи овој инцидент за обичните корисници на веб-страници? Краткиот одговор е: нема потреба премногу да се грижите, вели нашиот технолошки дописник Роуланд Манторп, кој зборуваше во најновата епизода од нашиот подкаст „This Is Why“. Манторп објасни дека главната група што би можела да се обиде да ги искористи овие ранливости се сајбер-криминалците. Сепак, тој нагласи дека „самото посетување на веб-страница што ја има оваа PHP-ранливост не значи дека ќе бидете заразени“. Проблемот што се јавува е ист како и претходно, но во поголеми размери: „Може да посетите некоја веб-страница... Напаѓачите успеале да дојдат до дел од вашите податоци, а потоа ги користат за да ви испратат е-порака и да извршат ’фишинг‘ напад врз вас.“ Ова создава ризици за луѓето кои се ранливи на вакви напади, но општиот совет на Манторп е „едноставно да продолжите со вообичаените мерки за сајбер-безбедност“, како што е користењето двофакторна автентикација.Тагови: сајбер безбедност Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Германија е уапсен маж кој шпионирал за Русија 53-годишен Украинец е уапсен во Бранденбург под сомнение за шпионажа за руската разузнавачка служба. Федералното обвинителство на Германија го обвинува Вадим Ј. за собирање класифицирани воени информации користејќи ги неговите контакти во европската одбранбена индустрија. Апсењето е извршено денес во округот Одер-Шпре од страна на службеници на Федералната канцеларија за криминална полиција (BKA), пишува Билд. Одлука за притвор Утре, осомничениот треба да биде изведен пред истражниот судија на Федералниот Врховен суд во Карлсруе, кој ќе одлучи за притвор. Истрагата е покрената врз основа на информации од Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок (BfV). Според државното обвинителство, Украинецот бил во контакт со руската разузнавачка служба преку посредник најмалку од јули 2025 година. Европската воена индустрија и источното крило на НАТО наводно биле во фокусот на неговиот интерес. Вадим Ј., кој живее во Ајзенхитенштат, е осомничен за собирање податоци за производство на тенкови, муниција и експлозиви. Тој е осомничен и за собирање информации за персонал и воени објекти на локации клучни за обезбедување на источниот крило на Алијансата. Иако дел од тие информации беа јавни, истрагата сугерира дека тој не застанал тука. „Во некои случаи, осомничениот добил целни информации преку лица од европскиот одбранбен сектор“, наведува канцеларијата на државниот обвинител. Тој е обвинет за разузнавачки активности за странската служба. Откриени се повеќе сомнителни руски операции Во август, во Бранденбург беше откриено наводно руско скривалиште за оружје. Безбедносните служби потоа пронајдоа професионално направено скривалиште со две огнени оружја во шумата на границата со Берлин. Според весникот „Зидојче Цајтунг“, разузнавачките служби имаат индикации дека станува збор за депо на руските тајни служби. Оружјето веројатно било наменето за агенти кои требало да извршат напади или други таканаречени „кинетички операции“ во Германија. Еден осомничен е во притвор во Романија. Сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт изјави во август дека не може да се исклучи вмешаноста на „странски сили“. На почетокот на август беше спречен обид за напад врз украински транспортен авион, за што е осомничена и Русија. Целта на нападот со беспилотно летало со експлозив бил товарен авион на аеродромот Лајпциг/Хале. За среќа, дронот тогаш не експлодирал.Тагови: Германија русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter