По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
1По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
АвтомобилизамПромоцијата на роботаксито на Тесла не ги воодушеви инвеститоритеВолстрит реагираше скептично на синоќешната презентација на роботаксито (Cybercab и Robovan) на Тесла. Акциите на оваа компанија се намалија за околу 8 отсто во утринското тргување денеска, по презентациата која личеше повеќе на футуристички филм отколку на сериозен приказ со јасни бизнис планови. Компанијата изгуби околу 40 милијарди долари пазарна вредност. Новиот двосед, беспилотното возило Cybercab од Тесла е предвидено да чини помалку од 30.000 долари, додека Robovan е тип на минибус без возач со капацитет до 20 патници. На добро кореографираната престава во студиото на „Ворнер Брос“ во Холивуд, извршниот директор на Тесла, Илон Маск, претстави иднина во која автономните возила ги преобликуваат градовите. Сепак инвеститорите и аналитичарите не беа воодушеневи поради малку конкретни детали, магливи временски рамки и финансиски прогнози. Иако компанијата во изминатата година доби на вредност поради свртување кон вештачка интелигенција и роботика. И покрај високите очекувања, Тесла понуди малку докази за напредок кон целосно автономни возила, што останува огромен технички и регулаторен предизвик, пишува Волстрит журнал. Маск не понуди решенија во тој правец. -Прогресот од тоа што го имаме сега до целосна автономија (посебно преку ненадгледувани возила без волан или педали) е таков џиновски технолошки предизвик што е преамбициозно за толку краток временски период, соопшти Џесика Колдвел, директорка за аналитика на Edmunds, онлајн платформа за продажба на автомобили. Во моментов, напредниот софтвер за возење на Тесла сѐ уште бара надзор од човек. Маск вети до 2025 година да има верзија без надзор, но бидејќи е познат по постојано пробивање на роковите, сето ова предизвикува скептицизам. На настанот Тесла ги промовираше и своите хуманоидни роботи Оптимус кои се дружеа со гостите, служеа пијалоци и танцуваа. /MИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБосанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – СкопјеПолициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter