Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски - Канал 5

Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски

Во Домот на градежниците вечер ќе биде промовирана четвртата поетска збирка „Сиво сјаат вселените“ на Стефан Марковски.

Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски

Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016-та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст има 85 страници, а дизајнот на корицата е на Ерина Поплавска.

Поетската книга е осма по ред во едицијата „Бели мугри“ во издание на Домот на култура, а нејзиното објавување е финансиски помогнато од Град Скопје.

„Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во седум циклуси. Таа е втората поетска книга на Марковски објавена годинава, по In Nomine („Македонска Реч“, 2016). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директна авиолинија Анкара Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и Уралоглу

Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа "Х" ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување.

Директна авиолинија Анкара Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и Уралоглу

Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа "Х" ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

" По повод Турско–Македонскиот бизнис форум, заедно со нашиот министер за транспорт и инфраструктура, г. Абдулкадир Уралоглу, остваривме средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Северна Македонија, г. Александар Николоски.

На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на "AJet" на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји.

Во согласност со визијата на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, за силна регионална соработка и економска интеграција, со решителност продолжуваме да работиме кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

Во наредниот период ќе продолжиме да ги зајакнуваме транспортните коридори и да ги поддржуваме активностите на турските компании во Северна Македонија, придонесувајќи за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот.

Длабоките пријателски и братски врски меѓу нашите земји ќе стануваат уште посилни преку новите проекти што ќе се реализираат во областа на трговијата и инвестициите" , објави министерот за трговија, Омер Болат.

Средбата на министрите се реализира во рамки на турско -македонскиот бизнис форум што денеска се оддржа во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Скопје

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Скопје за безбеден сообраќај, заштита од семејно и родово базирано насилство, заштита од измами и спречување на шумски и пожари на отворено.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Скопје

Денеска (12.06.2026) на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мотото ,,Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Притоа, на возачите им беше потенцирано да паркираат само на дозволените места за паркирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Превентивна активност денеска беше реализирана во Делчево во насока на препознавање и заштита од семејното насилство. За време на активноста на граѓаните давани совети за самозаштита и упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Исто така, граѓаните беа информирани за појавите за семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на семејно насилство и родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, однсоно брзо пријавување на бројот 112.

СВР Скопје денеска на подрачјето на Полициската станица Драчево спроведе превентивна активност насочена кон информирање и едукација на повозрасната популација кои се најчеста жртва на телефонските измами. Преку непосреден разговори и делење на едукативен материјал граѓаните беа информирани дека најчест вид на измами се измамите со лажна сообраќајна незгода во која измамниците се јавуваат телефонски и се претставуваат како полициски службеник, адвокат, обвинител или лекар и притоа од жртвата бараат одредена сума на пари. Додека пак, со претставници од општина Зелениково беше одржан работен состанок, при што беа презентирани мерките и активности кои се планирани да се преземат со цел рано спречување на пожари , како и запознавање на граѓаните со законските регулативи доколку не внимаваат на последиците или се предизвикувачи на шумски пожари и пожари на отворено. Исто така, беше разговарано и за реактивирање и редовно функционирање на Локалниот совет за превенција со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои се поврзани со безбедноста на жителите од општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер