Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“
2Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“
2Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
КултураПромоција на поетската книга „Бисери на животот” од Дијана Тоска Во Салон 19,19 вечер ќе биде промовирана стихозбирката „Бисери на животот” од Дијана Тоска, која содржи 32 песни. Централно место има жената како столб на општеството. Застапена е поезија за љубовта, самотијата, убавината, фантазијата и, секако, социјалните проблеми кои се присутни во секојдневниот живот, соопшти Културно-информативниот центар. Дијана Тоска (Скопје, 1965) е магистер по дипломатија. Дипломирала на Тетовскиот универзитет англиски јазик и литература, а постдипломски студии завршила на Факултетот за политички науки и јавна администрација на Универзитетот на ЈИЕ. „Бисери на животот“ е нејзина втора книга поезија, по објавената „Преплетен копнеж“ во 2014 година. Учествувала на повеќе поетски манифестации, а нејзинато творештво е објавено во Антологијата на модерната албанска поезија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Зборот е збор - градиме две нови средни училишта во СкопјГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Двете училишта ќе бидат изградени со финансиски средства на Град Скопје. - Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго наставниците пренесуваа знаење во простории што не одговараат на потребите на современото образование. Ниту едно дете не треба да ја гради својата иднина во услови што му го одземаат достоинството. Нашите ученици заслужуваат училишта во кои ќе влегуваат со радост, ќе учат со мотивација и ќе ги развиваат своите способности. Затоа, преземаме обврска да изградиме целосно нови училишта, достојни за нашите деца и за нивните наставници. Ова го ветив во мојата предизборна програма. За неполна година од мојот мандат, со обезбедувањето средства го правиме клучниот чекор кон исполнување на дадениот збор. Да изградиш училиште значи да им дадеш простор на илјадници соништа. Да создадеш услови во кои знаењето ќе расте, талентот ќе се развива, а секое дете ќе има можност да го покаже најдоброто од себе. Во тие училници ќе се образоваат генерациите што утре ќе го градат и унапредуваат нашиот град. Досега вложивме многу во образованието, во опрема, во подобри услови за учениците и наставниците и во поддршка за младите. Ќе продолжиме да вложуваме, затоа што влогот во младите е влог во иднината на Скопје – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека по најдобриот прв и втор квартал, Град Скопје го реализираше и најуспешниот трет квартал во својата историја. - За само една година ги намаливме непродуктивните расходи и работевме на подобра наплата на приходите. Резултатот е конкретен - заклучно со 30 септември 2026 година, реализиравме рекордни капитални инвестиции во висина од 1,1 милијарда денари. Споредено со истиот период од првите години од мандатите на претходните градоначалници, реализацијата е повисока за 67,56% во однос на 2018 година и за 35,27% во однос на 2022 година. И во последниот квартал продолжуваме со работа и внимателно следење на динамиката на реализација на проектите. Овој ребаланс е потврда дека со јасни приоритети и финансиска дисциплина се создава простор за поголеми инвестиции. Ги намалуваме расходите, а ги зголемуваме средствата за капитални проекти и субвенции за граѓаните. Заштедите ги насочуваме таму каде што се најпотребни - во нови училишта, подобра инфраструктура и директна поддршка за скопјани. Токму одговорното управување со градските финансии ни овозможува да преземаме вакви големи чекори. За мене, секој денар од градскиот буџет носи одговорност кон луѓето што ни ја дале довербата. Секое исполнето ветување е причина да работиме уште посилно. А секое ново училиште е трајно дело што ќе им служи на генерации – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до сите советници кои гласаа за ребалансот на буџетот, но и до оние кои не гласаа за поддршка на младите и градот, соопштуваат од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.На средбата со Ирена Андраси (Хрватска), Јоанис Враилас (Грција), Балинт Одор (Унгарија), Винченцо Челесте (Италија), Јурај Ноциар (Словачка) и Владимир Бертл (Чешка), таа им се заблагодари за поддршката. Таа нагласи дека и покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на нашето законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес. Како дополнителна потврда за тоа, таа го посочи забрзаното спроведување на Реформската агенда, наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија. Сиљановска-Давкова изрази очекување дека интензивирањето на македонскиот пристапен процес и интеграцијата на регионот ќе биде приоритет на претстојните претседателства со Советот на Европската Унија, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, како пријатели на Западен Балкан, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Судбина„Тоа е навреда за мојата култура“ – италијански шеф добил отказ поради пица (ВИДЕО)Една состојка на пицата беше доволна за да предизвика сериозен конфликт помеѓу италијански готвач и неговиот работодавач, што заврши со негово отпуштање, како и компликации во врска со неговата дозвола за престој. Невообичаен случај се случи во Австралија, каде што готвачот одби да го исполни барањето на гостин, верувајќи дека тоа ќе ја навреди сопствената култура. Според грчкиот весник „Иефимерида“, италијанскиот готвач Давиде Тамбурела работел како главен готвач во ресторанот „Ла Коста“ во австралискиот град Бризбејн. Ресторанот се претставуваше како место кое им нуди на гостите автентично искуство со италијанската кујна, но прашањето за автентичност стана причина за конфликтот. Вкусот беше јаболка на раздорот Проблемот се појави кога еден гостин побара пица со шунка и ананас, комбинација која е многу популарна во некои делови од светот, но која многу Италијанци ја сметаат за неприфатлива. Тамбурела одби да подготви таква пица, тврдејќи дека додавањето ананас е навреда за неговата култура. Сепак, ова не беше изолиран случај. За време на постапката пред Австралиската комисија за фер работа, беше утврдено дека готвачот три пати одбил да изврши таква нарачка. Неговиот работодавач, Елиот Инграм, го сметал тоа за деловна одлука и обврска кон гостите. Всушност, ресторанот организирал голема прослава, чија вредност надминала 15.000 австралиски долари, а гостинот кој плаќал за настанот посебно побарал пици со шунка и ананас да бидат меѓу јадењата што се служат. Инграм објаснил дека самиот тој не е посебен обожавател на комбинацијата, но дека во текот на 17-годишната работа во угостителската индустрија научил да не се кара за секое барање на гостин. Додаде дека ресторанот претходно имал пица со ананас дури и во детското мени. Тамбурела, сепак, стоел зад својот став и му рекол на работодавачот дека треба да истражи колку е важно Италијанците да не ставаат ананас на пицата. Готвачот бил отпуштен на 20 мај, откако бил повикан на преглед на учинокот. Отпуштањето го чинело повеќе од работата Тамбурела бил во процес на добивање австралиска виза од категорија 186, која овозможува постојан престој со поддршка од работодавач, повеќе од три години. Инграм рече дека чекал колку што дозволува законот пред да пријави кај властите дека готвачот повеќе не работи во ресторанот, надевајќи се дека во меѓувреме ќе му биде одобрена визата. Сепак, тоа не се случило. По прекинувањето на работниот однос и повлекувањето на поддршката од неговиот работодавач, Тамбурела морал да го започне процесот одново. Италијанскиот готвач се обидел да го оспори отпуштањето пред Австралиската комисија за фер работа, но неговата жалба била одбиена бидејќи била поднесена по законскиот рок. Приказната добила друг необичен пресврт. Ресторанот „Ла Коста“ оттогаш е затворен, додека Тамбурела нашол нова работа во друг италијански ресторан. А таму, според грчкиот портал, во менито нема пица со ананас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00