Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
1Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаПромоција на нови паркинг карти на ЈП ПОЦ Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 22.05.2025 година успешно реализираше информативна акција за промоција на новите паркинг карти во Дебар Маало.Во рамки на акцијата, на граѓаните им беа дистрибуирани флаери со информации за новите типови на паркинг-карти достапни во Општина Центар. Станува збор за: Мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2. Гостински паркинг-карти, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор, и тоа: Дневна гостинска карта – по цена од 300 денари Неделна гостинска карта – по цена од 1200 денари Овие гостински карти можат да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот каде што жителот има пријавено живеалиште. На настанот учестуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски кои на лице место остварија средби со граѓаните и ги информираа за придобивките од новите паркинг карти. Тие ја истакнаа важноста на модернизацијата на паркинг системот и овозможувањето на полесен и поефикасен пристап за сите корисници. Со оваа активност, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг карти се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар, и истите можат да се купат на веб страната www.poc.mk .Тагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програмиМинистерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес. Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите. Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.Тагови: Агон Ферати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваатМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%. Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter