КултураПромоција на книгата „Македонска традиционална медицина“Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов ќе биде промовирана вечер во книжарницата „Литература.мк“.Книгата во издание на „Арс Либрис“ содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори. Јованов работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и низа стручни трудови. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на претседателот на Владата. Промотор на книгата во „Литература.мк“ ќе биде д-р Ненад Златановиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГи снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок. Многу реакции од гледачите „Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук. Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението. „За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа. Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот. „Сум видел поголеми во тоа езеро“ „Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник. „Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг. „Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.Тагови: алигатор мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРеката Рајна се повлече и откри ужас- остатоци од стар Фијат и човечки коски (ФОТО)Нискиот водостој на реката Рајна во близина на Бон доведе до извлекување на остатоци од автомобил и човечки коски на површина, соопшти германската полиција, додавајќи дека е започната истрага за да се утврди дали станува збор за кривично дело.Остатоците на Фиат 126 ја открила речната противпожарна служба за време на патрола на почетокот на август, а остатоците од возилото биле извлечени од водата неколку недели подоцна, објавува Bildt.Duisburg. За време на овој процес, отпад и вода се излеале од возилото на брегот, а потоа покрај олупината биле откриени скелетни остатоци. Викнати се експерти за криминал и форензика за да истражат, но ќе мора да почекаат додека не се утврди дали може да се извлече ДНК од коските, поради што коските биле однесени во Институтот за судска медицина во Келн за понатамошно испитување. Сè уште не е јасно што се случило со Фиат 126, кој бил произведен помеѓу 1972 и 2000 година, каде што сега е неговиот сопственик и чии остатоци биле пронајдени, но полицијата во Бон ги истражува овие прашања, иако во моментов нема случај на исчезнато лице што би можело да се поврзе со возилото. „Во овој момент, не можеме да потврдиме дали во овој случај постојат елементи на кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата во Бон.Тагови: Рајна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter