Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат
2Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат
КултураПромоција на антологија песни посветени на скопскиот земјотресАнтологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес насловена „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ по повод 55-годишнината од овој најтрагичен настан во поновата историја на Скопје.Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес насловена „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ по повод 55-годишнината од овој најтрагичен настан во поновата историја на Скопје, ќе биде промовирана вечер во 19,00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда. Антологијата ја приредија новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и проф. д-р Васил Тоциновски, универзитетски професор, литературен теоретичар и критичар, писател и поет. Антологијата, која е плод на речиси двегодишна континуирана истражувачка работа, содржи 182 песни на деведесетина поети од речиси сите страни на светот, кои преку нив ги искажуваат својата болка и тага за она што го снајде Скопје во тој судбоносен и во црно завиткан 26 јули 1963 година, но и надежта дека Скопје повторно како феникс ќе се крене од пепелта и урнатините. Според приредувачите, во изданието со свои песни се застапени автори од сите генерации македонски поети, почнувајќи од највидните претставници на македонската поетска реч: Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Лазо Каровски, Љупчо Стојменски, Томе Арсовски, Евгенија Шуплинова, Бистрица Миркуловска, Цане Андреевски, Иван Чаповски, Влада Урошевиќ, Драгица Најческа, Славка Арсова и др., па до најновата генерација македонски поети, од кои некои своите песни ги напишаа специјално за оваа антологија. Од поетите од странство, меѓу другите, со свои песни се застапени: Јеврем Брковиќ, Јуре Каштелан, Славко Михалиќ, Кристине Буста, Иван В. Лалиќ, Јон Хореа, Елио Филипо Акрока, Луси Албертини, Алберто Баеса Флорес и др. Посебен куриозитет, како што се наведува, претставува тоа што во антологијата првпат на македонски јазик интегрално се објавува и збирката „Урнатини” на познатиот хрватски и македонски филозоф и еден од втемелувачите на катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и поет Павао Вук-Павловиќ. За него, скопскиот земјотрес беше главен мотив на својот мајчин хрватски јазик да ги напише антологиските 33 скопски сонети кои во 1964 година беа вкоричени под наслов „Развалине”, а кои пет децении подоцна беа препеани на македонски од универзитетскиот професор Кирил Темков. Во прилогот насловен „Скопскиот земјотрес и музиката“, пак, по првпат на едно место се собрани текстовите на песните што за скопската катаклизма и за Скопје ги испеаја легендите на македонската народна музика: Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски и сестрите Мавровски. Промотори на антологијата „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ се проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, и проф. д-р Александар Прокопиев, универзитетски професор и писател, а покровител на изданието и на промоцијата е градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМарко Трошановски во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Марко ТрошановскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 27. август 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 27. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами. Кариера Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план. Здравје и совет Изразувајте се слободно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската. Кариера Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални. Кариера Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите. Здравје и совет Јадете помалку, движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете. Кариера Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето слатки. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции. Кариера На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа. Здравје и совет Бидете доследни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити. Кариера Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете. Здравје и совет Подобро да верувате отколку да се сомневате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали. Кариера Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност. Здравје и совет Ви се подобрува формата. Овен 21.3-20.4. Љубов Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор. Кариера Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе. Здравје и совет Размислувајте додека се шетате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто. Кариера Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања. Кариера Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни. Здравје и совет Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна. Кариера Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно. Здравје и совет Останете какви што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите. Кариера Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски. Здравје и совет Динамични сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКога жената прва ќе престане да праќа пораки, се случува една од овие работиШто се крие зад тишината според психолозите.Во модерните врски, пораките се едни од главните начини на поврзување. Кој прв се јавува, колку често партнерите разговараат и кој вложува повеќе труд во комуникацијата, често открива многу за динамиката на односот. Кога жената ненадејно ќе престане прва да испраќа пораки, промената може да значи само едно, а психолозите наведуваат неколку можни причини. Сака да провери колку партнерот е заинтересиран Ако дотогаш најчесто таа го почнувала разговорот, можно е да сака да види дали и другата страна ќе покаже иницијатива. Стручњаците за односи истакнуваат дека стабилните врски почнуваат со заемен одговор на секојдневните обиди за поврзување. Кога едната личност ќе стекне впечаток дека таа е единствена во одржување на контактот, не е невообичаено да се повлече и да чека реакција од другата. Го преиспитува односот и своите чувства Малкуте пораки не мора автоматски да значат и крај на љубовта. Понекогаш тоа е знак дека жената размислува за тоа дали нејзините потреби се исполнети и дали односот има иднина. Според теоријата на афективно поврзување, луѓето во период на несигурност, често се повлекуваат за да размислат и да ги проценат своите емоции. Емотивно се дистанцира Во некои случаи, кога жената престанува да иницира разговор, може да значи дека интересот постепено слабее. Сепак, според стручните лица за односи, не треба да се носат заклучоци само врз основа на пораките, туку е важно да се разгледа целокупниот однос на партнерот – дали разговорите изостануваат, заедничкото време и желбата за поврзување. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook