Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
2Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение
3Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
КултураПромоција на антологија песни посветени на Даница РучигајВо Младинскиот културен центар - Скопје вечер ќе биде одржана книжевна вечер посветена на првата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година.Манифестацијата ќе почне со свеченото отворање на изложбата на факсимили на рачно напишани песни посветени на првата дама на македонската поезија „Недореченост, о проклета да си“. Автори се Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, новинари на Македонското радио и публицисти и м-р Надица Караколева. Изложбата, која содржи 123 факсимили на рачно напишани песни и десетина фотографии и која ќе трае до 15 септември, ќе ја отворат словенечкиот амбасадорот во Македонија проф. д-р Милан Јазбец и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, кои се покровители на изложбата. Пригодна беседа ќе одржи Ели Маказлиева. Во 20 часот, пак, ќе почне промоцијата на антологијата на песни посветени на Даница Ручигај „Недореченост, о проклета да си“, што по повод 55-годишнината од нејзината трагична смрт во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, ја приредија Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, а која беше објавена со финансиска поддршка на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија. Антологијата, која е плод на повеќегодишна континуирана истражувачка и собирачка работа, содржи 67 песни на педесетина поети, кои секој на свој посебен начин и искажуваат љубов и почит за сето она што таа и го дари на поезијата. Вториот дел на антологијата, кој е насловен „Меридијани“, пак, содржи четириесетина препеви на нејзини песни на шеснаесет јазици, почнувајќи од најстарите кои датираат од крајот на педесеттите години на минатиот век, па до најновите, од кои најголемиот дел се направени исклучиво за оваа антологија и првпат се објавуваат во неа. Така, покрај препевите на нејзините песни на српски, хрватски, англиски и турски јазик што беа објавени во антологии и списанија, во оваа антологија првпат можат да се прочитаат нејзини песни, но и да се видат факсимили на рачно напишани препеви, и на словенечки, руски, италијански, германски, шпански, бугарски, албански, унгарски, романски, словачки, ромски и на влашки јазик. Промоцијата на „Недореченост, о проклета да си“ ќе биде збогатена и со поетско читање на песни посветени на Даница Ручигај, на кое ќе настапат десетина поети кои се застапени во антологијата. Промотори на „Недореченост, о проклета да си“ се словенечкиот амбасадор проф. д-р Милан Јазбец и проф. д-р Васил Тоциновски. Модератор на промоцијата ќе биде Анета Трпевска, спикерка на Македонското радио – Радио Скопје, а стиховите ќе ги интерпретира Искра Чоловиќ. По антологијата на песни посветени на скопскиот земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“, која беше промовирана на 26 јули, „Недореченост, о проклета да си“ е втора антологија што Свето Стаменов и Искра Чоловиќ ја приредија по повод 55-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБерлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите 21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето. -Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда. Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена. Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител. Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМуцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решениеДијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова. -Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија. Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки. -Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка. Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра. Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook