СДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП - со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалува
1СДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП - со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалува
3Со поддршка на ЗЕЛС и Светската банка ќе се набават 49 возила од различен тип за оддржување на состојбата со хигиената
МетеоПроменливо време во наредните деновиСледува период на променливо време. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег, информира УХМР.Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи се очекуваат од четврток.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се врати кралицата на минијатурните бикини-Познатата убавица едвај ги собра бујните гради во минијатурното бикини.„Летото навистина ти одговара“, напиша еден следбеник, додека друг рече: „Итно ми треба ваков одмор“. Членката на кланот Кардашијан Џенер, младата бизнисменка Кајли Џенер го започна летото на начин што го привлече вниманието на милиони следбеници низ целиот свет. Познатата бизнисменка и основачка на козметичкиот бренд „Кајли Козметикс“ отпатува со своите најблиски пријатели на луксузен одмор, каде што беше организирано посебно собирање за да се прослави нејзиниот бренд. Атрактивната ријалити ѕвезда и инфлуенсерка секојдневно ги споделува своите моменти од одморот на социјалните мрежи, но овој пат беше фотографирана од папараците додека позира со пријатели на плажа и ужива во брановите. За фотосесијата на брегот, Кајли избра многу впечатливо бикини во камуфлажен дезен, отстапувајќи од розовата естетика што го карактеризираше поголемиот дел од нејзиното патување. Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП - со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалуваМицкоски прави уште една манипулација, уште една лага во економијата, зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%. Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат. Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку намален животен стандард. Владата слави проценти, а граѓаните бројат се помалку денари во својот џеб, едвај врзвуваат крај со крај. Храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8%, инфлацијата во Македонија е речиси двојно повисока од онаа во еврозоната каде е околу 3%, странските инвестиции бележат пад за 60%, а јавниот долг со новите задолжувања се приближува до 11,1 милијарди евра. Раст кој се храни од инфлација не е развој. Раст кој се потпира на долгови не е успех. Вистински напредок има само кога граѓаните можат да купат повеќе со својата плата, кога животот станува подостоинствен и кога семејствата чувствуваат подобар стандард. Лагите на Мицкоски се распаѓаат кога граѓаните ќе ги видат своите празни паричници, празни фрижидери и кога на каса во маркет не можат да ја наполнат кошицата. Затоа ни е потребна ЕУ, за подобар животен стандард на граѓаните. Бидејќи не е исто кога си изолиран и кога си дел од група држави што спроведуваат заеднички економски политики и мерки, со кои им помагаат на сите граѓани на Европа. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаАеродромите во Скопje и Охрид со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај за првите 5 месециACI ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа: Аеродромите во Скопje и Охрид со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај за првите 5 месеци.Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари - мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови. Истовремено со анализата на статистиката на ТАВ Македонија за првите 5 месеци, Меѓународниот совет на аеродроми - Европа (ACI Europe) ја објави својата анализа на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се рангирани како најбрзо растечки аеродроми кои доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6%) за прв пат по закрепнувањето од Ковид, помал број пазари како што се Северна Македонија (+30,6%), Албанија (+25,3%) и Молдавија (+24,6%), кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат импресивни зголемувања. „Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај во првите 5 месеци (+31,2%), во април (+30,6%), ги позиционира македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките авијациски пазари во Европа и како топ – перформери од западниот дел на земји надвор од ЕУ. По аеродромите во Скопје и во Охрид, се аеродромите во Албанија и во Молдавија, исто така со двоцифрен пораст, но под 30%. Ова е силна потврда дека нашите аеродроми успешно реагираат на зголемената побарувачка за воздушен сообраќај и дека земјата станува сè попривлечна и достапна дестинација. Ова достигнување е резултат на континуирани инвестиции во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг активности, успешна соработка со авиокомпаниите и поддршката од Владата. Особено сме задоволни што, во време кога многу европски пазари доживуваат стагнација или пад на патничкиот сообраќај, Македонија е позиционирана меѓу европските лидери според порастот на бројот на патници“, рече Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија. Според Оливие Јанковец, генерален директор на ACI Europe, април 2026 година претставува јасна пресвртница за европскиот воздушен сообраќај. „Иако веќе забележувавме нормализација на растот на патничкиот сообраќај по силното постпандемиско закрепнување, геополитичката нестабилност - особено конфликтите на Блискиот Исток - сега дополнително го забавува растот и открива значителни разлики во перформансите на различните пазари. Охрабрувачка вест е дека побарувачката останува генерално силна, прилагодувањата на капацитетот на авиокомпаниите остануваат ограничени, а загриженоста за потенцијален недостиг на гориво за авиони е намалена.“ Според анализата на воздушниот сообраќај на ACI Europe од април 2026 година, меѓу најголемите пазари на ЕУ, аеродромите во Шпанија (+3,7%) и Италија (+2,2%) ги постигнаа најдобрите резултати, додека оние во Германија (-8,5%), Велика Британија (-2,1%) и Франција (-0,9%) забележаа намалување на обемот на патници. Најдобрите перформанси во ЕУ+ (група која ги опфаќа земјите од Европската Унија, Европската економска област (ЕЕО), Швајцарија и Обединетото Кралство) ги имаат аеродромите во Словачка (+125,2%), Словенија (+14,6%), Естонија (+12,1%), Малта (+13,5%) и Полска (+8,3%). Заклучокот на ACI Europe е дека - додека средните и малите аеродроми ги надминаа очекувањата, шпанските и холандските центри останаа најотпорни на глобалната геополитичка нестабилност. Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, од почетокот на 2026 година, ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55