Промена на сопственичките удели на „Гаспром“ и „Гаспромњефт“ во Нафтената индустрија на Србија - Канал 5

Промена на сопственичките удели на „Гаспром“ и „Гаспромњефт“ во Нафтената индустрија на Србија

 Рускиот „Гаспромњефт“ го намали својот сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) од 50 на 44,84 проценти, додека „Гаспром“ го зголеми својот удел од 6,15 на 11,30 проценти, покажуваат податоците објавени на Белградската берза.

Промена на сопственичките удели на „Гаспром“ и „Гаспромњефт“ во Нафтената индустрија на Србија

„Гаспромњефт“ е ќерка-фирма на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, а трансакцијата се случува во пресрет на стапувањето во сила на американските санкции кон НИС, кои ќе почнат да важат утре од 06:00 часот по средноевропско време, пренесува српска Политика.

Според официјалните податоци објавени на веб-страницата на НИС, досега „Гаспромњефт“ поседуваше 50 проценти од акциите, „Гаспром“ 6,15 проценти, Владата на Србија 29,8 проценти, додека останатите 13,98 проценти беа во сопственост на малцински акционери. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Унгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување.

„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар.

Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно.

Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

Градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот.

[✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост 

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.

Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини на територијата на Општина Илинден. Посетителите имаат можност виртуелно да прошетаат низ населените места и да се запознаат со образовните установи, спортските терени, парковите, верските и културните објекти, како и со други значајни локации во општината.

Визуелниот водич содржи околу 250 интерактивни 360° панорами, снимени од воздух, како и виртуелни прошетки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците уникатно искуство и можност да ја запознаат Општина Илинден од каде било во светот. Во следниот период е предвидено дополнително проширување на содржините со вклучување на нови локации и објекти од сите населени места во општината.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост и подобра презентација на општината пред пошироката јавност.

Виртуелниот водич е достапен на следниот линк: www.macedoniafromabove.mk/ilinden/.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер