Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
АвтомобилизамПроизводството на Смарт се сели во Кина, дали Европа останува без уште еден автомобилски бренд?Кинеската автомобилска компанија „Geely“ презела 50% од акциите на брендот Смарт од Даимлер. Заедно ќе произведуваат мали градски автомобили, кои во иднина ќе имаат исклучиво електричен погон.Смарт автомобилите од 2022 година ќе се произведуваат во Кина, дали така Европа ќе остане без уште еден бренд? Новите електрични модели ќе пристигаат од 2022 година па натака. Мерцеденс- Бенз ќе води сметка за дизајнот и стилот на идните модели а „Geely“ ќе го води секторот за инженеринг. „Нема да има разлика во квалитетот, идеме на премиум бренд кој и по стандардот на пластиката и стандардот на електрокомпонентите ќе биде на светско ниво“, вели Ола Калениус од Даимлер. Главната продажба се очекува во Кина, која инаку е најголемиот пазар за автомобили во светот. „Имаме амбиции за производство од 100.000 до 350.000 мали градски автомобили. Годишно ќе биде голем профитот и за Мерцедес и за „Geely“, тврди Ли Шуфу од таа кинеска компанија“. До лансирањето на новите модели во 2022 година, сегашните Смарт автомобили ќе продолжат да се произведуваат во погодините на Даимлер во Франција, Словенија, но само во верзии со електричен погон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ КиненоваСо филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027) Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање. Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети: Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина. Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз. Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.Тагови: МФФ Киненова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: Македонски Брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook