„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
МакедонијаПроизводителите на свинско месо против предлозите за целосно ослободување од царини за увозПроизводителите на свинско месо се против предлозите на преработувачката месна индустрија за целосно ослободување на увозот на смрзнато свинско месо од царинските давачки. На тој начин месната индустрија нема да има интерес да почне дел од потребното месо за преработката наместо да го увезува да почне да го набавува од домапшните производители и со тоа да помогне и во намалување на одливот на девизи и да помогне во продолжување на растот на овој сектор кој е еден од ретките во земјдоелството кој бележи позитивни резултати Освен заканите од намалена продажба на месо заради корона кризата секторот за производство на свежо домашно месо стравува и од опасноста од појавата и ширењето на африканската свинска чума. Во Германија каде се рашири оваа болест сега има вишоци на месо кои се закана за цената и опстанокот на домашните фарми И науката е на иста страна со производителите дека е потребно државата да презема мерки да ја задржи својата суровинска сувереност особено во вакви услови на пандемија и затворање на граници. Македонија последните десетина години со порастот на домашното производството целосно ги задоволува сопствените потреби од свежо месо за пазарите додека во седум годишната развојна стратегија планира да замени до 30% од потребите за увозно смрзнато месо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБерлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбранаОдлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров предизвика реакција во Германија, каде што од федералната влада сега се бара да изврши притисок врз Киев да го врати поранешниот министер.Претседателот на Комитетот за прашања на Европската унија на Бундестагот и пратеник на зелените, Антон Хофрајтер, рече дека Зеленски направил „сериозна грешка“ и дека неговата кадровска одлука е резултат на жестока борба за моќ во рамките на украинската држава и военото раководство. Тој нагласи дека Федоров бил многу успешен министер и се сметал за неподмитлив политичар во Киев и меѓу западните партнери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Реконструкцијата е при крај, Охрид наскоро со модерен аеродромРеконструкцијата на охридскиот аеродром се одвива според планираната динамика и се очекува да биде завршена до крајот на летото, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.-Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца. “ Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат. Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати. Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, ново повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот. Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме во следниот период”- изјави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загубиСтрумичките градинари годинава оставени на цедило. При крајот на масовните берба на доматите се соочуваат со мизерни откупни цени од само 15 денар за килограм. Според нив оваа цена ни од далеку не ги покрива трошоците кои ги имаат направено во текот на годината иќе бидат во загуба а за трудот и маката што ги вложиле никој не може да го наплати. Со години семејството Митеви од Василево живее и опстанува од неколку декари под пластеници. Годинава лошо поминаа со зелката и со компирот па се надеваа дека таа загуба ќе ја надополнат од производството на домати но и таму слобнодниот увоз на зеленчук од Албанија сериозно ги урива цените а со тоа и можноста овие производители на храна да опстанат и да не заминат во некоја фабрика на работа оставајќи ги нивте празни. Но не само градинарите од струмичко, годинава многу лошо поминаа и производителите на пченица и јачмен. Во време кога драстично се зголемија ценита на ѓубривата и нафтата заради војната на блискиот исток тие имаат откупни цени од 10 денари како од пред 20 години. Допрва претстои откупот и на грозјето каде иако се објавија пресметките за откупните цени според земјдоелците нема одговор на тоа дали ќе се откупи целото црно грозје и дали годинава ќе се почитуваат овие цени бидејќи лани сепак откупот течеше по цени кои ги диктираа винариите а не оние кои ги донесе државата. Тагови: домати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter