Произведен првиот спортски болид за секакви терени (ВИДЕО) - Канал 5

Произведен првиот спортски болид за секакви терени (ВИДЕО)

После неколкуте неуспешни обиди, пристигнува уште еден предлог за суперспортски автомобил за сите услови на возење.

Произведен првиот спортски болид за секакви терени (ВИДЕО)

Неговото име е Laffite G-Tec X-Road и тој само што пристигна во Калифорнија, во оазата на потенцијални клиенти. Зад славното име стои славна историја. Бруно Лафит го создал овој чуден автомобил, а тој не е никој друг освен внукот на Жак Лафит, познатиот Ф1 возач.

Тој и неговата сопруга започнаа проект за ова возило, чиј развој го помогна Г-Тец, компанија управувана од реномираниот конструктор Филип Гаутерон. Специфични податоци велат дека овој болид го напојува моторот на ГМ со 720-коњски сили 6,2 V8, исклучиво со погон на задните тркала. Преносот е секвенцијален со шест брзини, а најинтересно е што овој автомобил тежи само 1300 кг.

Велат дека може да оди и до 230 км на час, и не застанува на теренот затоа што има Off-Road шасија со амортизери што шетаат дури 432 мм.

Почетната цена е 465.000 долари, а електрична изведба е најавена за 545 000 долари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.

Со филмот „Фантази“  и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова

Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027)

Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање.

Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети:

Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина.

Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз.

Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. 

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

ДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затворениците

Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Државна изборна комисија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер