Проговори екс сопругата на Елтон Џон : Пробав да се самоубијам на медениот месец - Канал 5

Проговори екс сопругата на Елтон Џон : Пробав да се самоубијам на медениот месец

Поранешната сопруга на Сер Елтон Џон, Ренате Блауел, се обидела да си го одземе животот за време на нивниот меден месец во 1984 година, може да се прочита од документите доставени до Високиот суд во Лондон, пишува ББЦ.

Проговори екс сопругата на Елтон Џон : Пробав да се самоубијам на медениот месец

Блауел изјави дека земала голема доза на валиум откако пејачот и рекол дека „нивниот брак не функционира и сака да си замине“, а тоа било само три дена откако пристигнале во Сант Тропе.

Наводите се дел од тужбата за отштета поднесена од Блауел против Елтон Џон и во која тој тврди дека музичарот ги прекршил одредбите од нивниот договор за развод.

Германскиот музички продуцент беше во брак со Сер Елтон четири години и не се изложувала премногу во јавноста се до нивниот развод во 1988 година.

Но, претходно оваа година, таа поднесе тужба откако ја прочита автобиографијата на Елтон „Јас“ и откако го видела филмот за познатиот пејач „Рокетман“. Тоа откритие ги вратиле нејзините долгогодишни ментални тешкотии, тврди Блауел.

Како одговор, одбраната на Елтон Џон го призна постоењето на договор за развод, потпишан од обете страни, но негира какво било прекршување на договорот што ќе создаде „психолошка штета“.

Сепак, адвокатот на Ренате Блауел, Адам Волански, рече дека музичарот е свесен за проблемите на неговата поранешна сопруга со „вознемиреност и депресија“ и дека состојбата е „дополнително влошена од интересот на медиумите и публицитетот на кој таа беше изложена“. Нејзиниот обид за самоубиство и серијата напади на паника за време на нивниот брак се доказ за тоа тврдење, вели Волански.

Еден таков инцидент се случил за време на вечера некаде околу 1985 година, организирана за членовите на кралското семејство.

- За време на посетата, принцезата Маргарет ја праша Блауел деталите за една слика што му припаѓаше на обвинетиот, но бидејќи оваа не може да се сети на какви било детали за сликањето, таа почна да паничи и стана многу нервозна. Таа го прекина разговорот на Елтон со мајката кралица за да го праша за помош пред да отиде во друга просторија. Иако не објасни зошто го сторила тоа, мора да му биде јасно на обвинетиот дека се повлекла поради нервоза, рече адвокатот.

Во документите претходно доставени до судот, Блауел рече дека автобиографијата на Елтон и филмот „Рокетман“ го повлекле интересот на медиумите за неа и нивниот брак и дека новинарите се обиделе да ја најдат во селото каде живее, што повторно и создало голем стрес.

Според тврдењата на судот, таа потрошила илјадници фунти на разни терапии и третмани.

Како одговор на тужбата, адвокатот на Сер Елтон Џон рече дека тој отсекогаш ја почитувал приватноста на Рената и дека ќе продолжи да го прави тоа. - Познато е дека нивниот брак беше полн со почит и дека по разводот тие продолжија да имаат еден вид однос полн со почит, кој траеше 30 години, рече адвокатот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците

Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. 

Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците

Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност.

Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група.

Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески.

Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал.

Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија.

Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат.

Сметки, струја, греење, храна, лекови.

Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитутрите се затворени, банкоматите се празни, нема картички.

Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат.

Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови.

Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени.

Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески.

Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага.

Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат.

Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот на Белгија поднесува оставка, земјата ја очекува политички земјотрес

Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе му ја понуди својата оставка на кралот Филип откако разговорите за буџетот пропаднаа, а владата не успеа да постигне договор за мерките за штедење потребни за усогласување со правилата на Европската унија.

Премиерот на Белгија поднесува оставка, земјата ја очекува политички земјотрес

Според локалните медиуми, повикувајќи се на јавниот радиодифузен сервис VRT, Де Вевер треба да биде примен од кралот денеска, откако неколкучасовните преговори меѓу членовите на владата, кои траеја цела ноќ, завршија без договор.

Белгиската влада е под голем притисок да ги намали јавните трошоци и да заштеди околу 10 милијарди евра со цел да се усогласи со фискалните правила на Европската унија, објавува Euronews.

Буџетскиот дефицит на Белгија минатата година изнесуваше пет проценти од бруто домашниот производ, што е далеку над дозволената граница од три проценти.

Проблемите се дополнително влошени од јавниот долг, кој надмина 735 милијарди евра, или повеќе од 110 проценти од БДП. Според правилата на ЕУ, јавниот долг на земјите-членки не треба да надминува 60 проценти од БДП.

Неуспехот да се постигне договор за буџетот веќе имаше влијание врз финансиските пазари. Каматните стапки на белгиските државни обврзници се зголемија, што значи дека земјата ќе мора да потроши повеќе пари за да го сервисира постоечкиот долг.

Доколку кралот Филип ја прифати оставката на Де Вевер, Белгија би можела да се соочи со нови избори. Сепак, монархот има можност да ја отфрли оставката или да ја разгледа.

Де Вевер под притисок поради блокирање на планот на ЕУ за руските средства

Белгискиот премиер е во центарот на вниманието во Европа во последните месеци поради неговото противење на планот на Европската унија за користење на замрзнатите руски средства, вредни околу 140 милијарди евра, за финансирање на помошта за Украина.

Овој став му го донесе неформалниот прекар „Кочницарот на ЕУ“, бидејќи неговото противење е една од главните пречки за постигнување договор меѓу членките на ЕУ.

Де Вевер претходно предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства за обезбедување заем за Украина може да предизвика сериозни превирања на европските финансиски пазари.

Тој, исто така, истакна дека белгиските даночни обврзници би можеле да се соочат со огромни финансиски последици ако имотот еден ден се врати во Русија, а обврската за враќање на заемот остане кај европските држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. 

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

„Добровечер од Дизелдорф.

Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го започнавме со состаноци во рамките на компанијата Германски Телеком, којашто е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении.

Она коешто денеска го разговаравме со главниот директор на Дојче Телеком се нивните потенцијални дополнителни инвестиции во Македонија, на македонскиот телекомуникациски пазар, но тука не се ограничивме.

Зборувавме и за потенцијални инвестиции на Германскиот Телеком во други области како што се здравството, паметната технологија и друг тип на индустрии коишто ќе донесат голема додадена вредност за македонската економија и на тој начин ќе го зголемат присуството на Германскиот Телеком во Македонија, но и во регионот.

Понатаму, во текот на денот направивме состаноци со Германската стопанска комора и нејзини претставници во рамките на нашата посета во Бон.

Беа присутни голем дел од фирмите коишто имаат свои инвестиции во Македонија, но и оние фирми коишто имаат своја амбиција да инвестираат во Македонија.

Разговаравме за досегашните нивни искуства, како да ги направиме нивните инвестиции поуспешни, но истовремено зборувавме и за зголемување на нивните инвестиции, капацитети, со што исто така би се зголемил и бруто-домашниот производ на македонската економија.

Се на сѐ, навистина успешен ден овде во Германија, во Бон, и сето она коешто денеска го разговаравме, се разбира, ќе има дополнителна додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Македонија. Голем поздрав од Дизелдорф и продолжуваме утре со нашата посета во Германија.“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер