Прогледал по 44 години , па си го исполнил сонот да вози болид (ВИДЕО) - Канал 5

Прогледал по 44 години , па си го исполнил сонот да вози болид (ВИДЕО)

Канаѓанец цел живот сонувал за тоа како да управува со автомобил.

Прогледал по 44 години , па си го исполнил сонот да вози болид (ВИДЕО)

Мајк Шикеровски (44) е роден со нистагмус, вроден дефект што го спречувал целиот живот во неговите напори да ја оствари својата најголема желба и да вози автомобил. Според канадските медиуми, ова нарушување на треперење на очите, кое не дозволува фокусирање на сликата, го довело до стадиум да биде слеп, а тоа го спречило во многу работи , како што е возењето.

Пред две години, тој бил подложен на експериментална терапија во Калифорнија. Операцијата поминала добро и Мајк за прв пат јасно прогледа. "Прекрасно беше да се гледа, но беше дури и поубаво да се види она што го пропуштив во животот. Тоа беше емотивен слом. Мама врескаше од среќа, а жената беше воодушевена. Никој не очекуваше тоа да се случи", рече Мајк за Global News.

Но, Мајк беше среќен затоа што иднината е пред него, што значи дека ќе може да оствари некои од соништата. Еден од нив бил спортски автомобил за кој сонувал како момче. Желбата била толку силна што купил жолт Корвет уште пред да го положи возачкиот испит. Конечно ја добил дозволата во јули и оттогаш не е одвоен од автомобилот. Разбирливо.

„Се чувствувам слободен и можам да излезам и да го правам тоа што го сакам. Минатата недела го зедов син ми риболов. Ја зедов ќерка ми на сладолед. Никогаш не можев да го сторам тоа сам. Тоа е неверојатно чувство“, рече Мајк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер