3Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
МакедонијаПрогласени најдобрите спортисти на Скопје за 2025 годинаВо организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, денес беа прогласени најдобрите спортисти за 2025 година.Во категоријата спортист за лица со инвалидност признанието отиде кај Андреј Стојаноски од пливачки клуб Вардар. Во категоријата спортска екипа на атлети со интелектуална попреченост наградата е доделена на Специјална Олимпијада на Македонија. Десетте најдобри во младинска категорија се: - Филип Блажевски – Таеквондо клуб Бутел - Андреј Ѓурчиновски – Билјард и снукер клуб Гран Клуб - Абдул Азиз Азизи – Спортски клуб по борење Шкупи - Ведрана Тунески – Таеквондо клуб Бутел - Петар Цеков – Пливачки клуб Вардар 2018 - Јована Мицовска – Карате клуб Макпетрол - Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол - Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки - Максим Митровски – Кик Бокс клуб Шампион - Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри. За најдобар тренер на град Скопје во 2025 е прогласен Кирил Лазаров од клубот Алкалоид. Токму РК Алкалоид од Скопје за освојувањето на ЕХФ Купот за 2025 година е прогласен за најдобра спортска екипа во 2025. Десетте најдобри спортисти во сениорска категорија се: - Стефан Михајловски – Кик Бокс клуб Прокик Фемили - Вероника Костовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007 - Катерина Ацевска – Џиу Џитца клуб Дан – Кју - Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол - Христијан Бузалковски – Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ ТЕАМ - Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид - Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон - Викторија Јовановска – Карате клуб Макпетрол - Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички - Марија Спирковска – Боречки клуб Лирија. На сите добитници наградите им ги честиташе градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. - Град Скопје останува цврсто посветен на спортот, преку континуирани инвестиции, унапредување на спортската инфраструктура и создавање услови секој млад човек да има шанса да се развива, да верува и да успее. Драги добитници, вашите успеси се наша гордост, а вашите приказни наша секојдневна инспирација. Продолжете да чекорите храбро, да победувате достоинствено и да бидете светол пример за генерациите коишто доаѓаат. Од срце ви честитам и ви посакувам уште многу победи во иднина, рече Ѓорѓиевски. За сите добитници, Град Скопје обезбеди признанија, парични награди, како и ваучери за користење на фитнес центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter