Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември
Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева
1Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември
2Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева
3Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
АвтомобилизамПрофитот на Тојота во фискалната 2023. од 29,6 милијарди евра ги собори сите рекордиЈапонската компанија Toyota Motors денеска објави дека нејзината добивка во фискалната година која заврши на 31 март се удвоила на рекордни 4,94 милијарди јапонски јени или околу 29,6 милијарди евра.Во истиот период, приходите на Тојота исто така собориле рекорд, бидејќи пораснале за 21,4 отсто на годишно ниво на 270,4 милијарди евра. Фирмата, исто така, имала корист од падот на јапонската валута во однос на американскиот долар. Јапонската компанија најави зголемување на инвестициите во развојот на електрични возила (EV) и технологија за вештачка интелигенција (AI), па очекува пад на профитот од 27,8 отсто во тековната фискална година, пренесува агенцијата Kyodo. Продажбата на возила „Тојота“ ширум светот во изминатата фискална година се зголемила за пет отсто на 11,09 милиони автомобили, пред сѐ поради растот на побарувачката за хибридни возила. Најголем раст на продажбата е забележан во Северна Америка, за 17 отсто на 2,82 милиони возила, а во Европа продажбата е зголемена за 15,7 отсто на 1,19 милиони автомобили. Toyota Motors планира да продаде 10,95 милиони возила ширум светот во тековната фискална година, што е за 1,3 отсто помалку од претходната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноемвриАмериканскиот претседател Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД .Американскиот претседател Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот на ноември.. Единствениот услов, според него, е средствата да бидат потрошени во Соединетите американски држави. Сепак, начинот на спроведување на ваквата мерка, како и нејзината правна оправданост, засега остануваат нејасни.. Според пресметките, ваквата идеја би чинела речиси колку целиот буџет за одбрана на земјата, односно околу 1,35 трилиони долари, имајќи предвид дека во земјава има приближно 270 милиони возрасни жители.. Соперничките Демократи контроверзната понуда го нарекоа тоа празно и неостварливо ветување..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаПет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева 340 милиони денари или 5,5 милиони евра изнесува вкупната финансиска конструкција за прославата на 35 години независност, според информациите што ги соопшти Владата. Од нив, 300 милиони денари, или 4,8 милиони евра, биле обезбедени преку Државната лотарија од нераспределената добивка за 2024 година, а дополнителни 40 милиони денари или околу 650.000 евра обезбедиле општествено одговорни компании. На речиси едночасовна прес конференција која ја одржаав владината портпаролка Марија Митева, директорот на АД Државна лотарија Александар Климовски и сопственикот на Авалон продукција беа објаснети деталите околу одлуката и склучувањето на договорот за организирање на прославата. Митева кажа дека со владин заклучок било предвидено ангажирање на светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија. „Владата донесе заклучок каде се утврдија конкретните активности за прославата за независноста. Беше предвидено А класа светски артист, со А класа продукција кој гарантира 30.000 посетители, организирање на 12 настани низ Македонија со концепт, настан со светска ѕвезда А класа во придружба на македонски артисти. Ќе ми дозволите да направам важна споредба, Перпарим Бајрами и Артан Груби – 8,2 милиони во воздух. Тоа се средства кои не завршија кај граѓаните, а ова се пари кои завршија за граѓаните.“ Директорот на АД Државна лотарија Климовски вели дека тие 300 милиони денари кои доаѓаат од нераспределената добивка се компаниски пари, а не буџетски иако единствен сопственик на компанијата е државата. Тој објасни дека откако го добиле заклучокот од Владта, објавеиле јавен повик, иако согласно законот за спонзорства и донации немале таква обврска, а не него се јавила само фирмата Стардаст која ги имала правата за трговската марка на Авалон. „Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари.“ Лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно на прес конференција побара Владата веднаш да ги објави записникот од 167. седница, целата документација за постапката и поединечните исплати на сите учесници во прославата. Според него, лага е дека парите не се државни и праша зошто не биле употребени за друга намена. „Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните. Ниту знаеме кој одлучувал за пет милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми набавката ѝ е доделена на компанијата што го организирала настанот. Само неколку месеци претходно истата компанија добила пари од Државната лотарија и за други активности, а никој не знае за кои и какви. Може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа? Зошто дивидендата од Државната лотарија не се намени за исплата и зголемување на субвенциите на земјоделците, за лековите што недостасуваат, за подобрување на инфраструктурата во училиштата или за зголемување на социјалната помош? “ Инаку, на самиот почеток на денешната пресконференција за отчетот, сопственикот на Авалон Бобан Милошески се извини за неговиот однос кон новинарката на Слободен печат, кога на претходната прес конференција на прашањето за тоа колку чини концертот на Дејвид Гета, одговори со, цитирам, „дали мислите дека сум идиот“... Според договорот со Авалон, Климовски вели дека до 1 октомври продукцијата ќе треба да достави детален извештај за тоа колку пари за секој настан од прославата поедничено се потрошени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКомандантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и АрмијатаДелегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата.Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата. Во рамки на посетата адмиралот Викоф оствари средби со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбите се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата. Дополнително адмиралот Викоф беше информиран и за можностите кои ги нуди нашата земја, како држава во регионот која претставува географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, а Армијата има важна улога во остварувањето на мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата. Во рамките на посетата адмиралот Викоф ја истакна посветеноста на нашата држава како активен придонесувач во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, нагласувајќи ја професионалноста и придонесот на македонската Армија во активности предводени од НАТО. На средбите беше потврдена и важноста од заеднички и координиран пристап во рамките на Алијансата во справување со современите безбедносни предизвици, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook