Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
1Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
2Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
3Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
БалканПрофесор од Србија шест часа разговарал со 2.000 антиваксери на Твитер за вакцините Професорот д-р Горан Брајушковиќ од Биолошкиот факултет во Белград изјавил дека е сосема погрешно и научно неосновано дека вакцината против коронавирус влијае на стерилитетот.„Една вакцина не може да влијае на стерилитетот, но она што може да го направи е инфекција со Ковид“, рече тој во „Преглед на денот“ на ТВ Нова С. Брајушковиќ, кој вчера шест часа на Твитер зборувал со 2.000 луѓе за вакцината против коронавирусот, во „Преглед на денот“ посочува дека мора активно да се работи на едукација на населението и дека се потребни посебни емисии и едукативни програми. „По антибиотиците, вакцините се едно од најголемите цивилизациски достигнувања на био-медицината“, истакнал Брајушковиќ. Тој наведува дека ковид-19 не е лесен и вообичаен грип, туку системско заболување од кое може повторно да се разболи. Професорот смета дека целта на кампањата за вакцинација треба да биде „тивко мнозинство што е збунето“. „Јас сум на мислење дека некој што има антивакцинален став, дека тоа не е цел во кампања за вакцинација, зад тоа агресивно малцинство стои „тивко мнозинство“кое е збунето од контрадикторните изјави и заклучоци“, вели професорот на Биолошкиот факултет. Тој наведува дека негативните ефекти од вакцината се краткотрајни, како болка во раката или мачнина, но дека десет негативни реакции на милиони вакцини се минорна работа. На прашањето зошто вакцината против корона, за разлика од некои други, се дава на шест месеци, Брајушковиќ истакнува дека патогените се различни и затоа се различни конструкциите на вакцините. Оваа вакцина е РНК вакцина и е најмногу слична на вакцината против грип, наведува тој. Зборувајќи за разговорот што го водел шест часа на мрежите, Брајушковиќ наведува дека од мејловите и пораките што ги добивал разбрал дека луѓето немаат доверба во властите. „Апсолутно направивме системска грешка и немаме активна кампања за вакцинација“, вели д-р Брајушковиќ за телевизијата Нова С. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитетиДенеска имавме исклучително успешен ден.„Добра вечер повторно од Диселдорф. Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, којашто во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија. Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во којашто ги истакнавме нашите добри билатерални односи. Добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од шесте земји од Западен Балкан којашто има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка. Она што можам да го кажам за Северна Рајна-Вестфалија е фактот дека е отприлика 10 пати поголема од Македонија, има околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант. Номиналниот БДП е поголем од 900 милијарди евра во 2025 година — ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија. Ако нашиот БДП по глава на жител е некаде околу 10.000 евра, овде во Северна Рајна-Вестфалија тој номинален доход е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем. Можностите за соработка се големи. Се разбира, по завршувањето на изборите овде во Северна Рајна-Вестфалија, коишто се очекува да бидат во април следната година, го поканив премиерот на покраинската Влада да ја посети Македонија за да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна-Вестфалија. Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании коишто се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас. Меѓу нив би ја издвоил средбата со компанијата „Гересхајмер“, којашто веќе има реализирано две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а бројот на вработени изнесува околу 300 лица. Но, она што е поважно е нивната амбиција за нова, дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни, каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го триплираат обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе дадат позитивен придонес и ќе додадат вредност во македонскиот БДП. Исто така, сакам да најавам, доколку биде сѐ како што треба, во декември три нови производни капацитети, коишто кога ќе го достигнат својот врв на инвестицијата и полн капацитет, ќе отворат повеќе од 1.000, што е уште поважно, добро платени работни места. Така што, продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“. „Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп. Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание. „Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој. NEW: President Trump has one final message for voters as they head to the polls: "We have to keep America great." Speaking on @foxandfriends, Trump says the U.S. has gone from being what he calls a "laughingstock" to the "hottest country in the world." "They thought we were fools. And we're hot now. We're the hottest country in the world where respected by everybody." Stay with Fox News Channel for the latest on the midterms. — Fox News (@FoxNews) November 3, 2026 Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter