Професионален готвач открива што се прави со лушпата, ова сигурно не сте го пробале (видео) - Канал 5

Професионален готвач открива што се прави со лушпата, ова сигурно не сте го пробале (видео)

Оваа грешка со лукот ја прават многу домаќинки...

Професионален готвач открива што се прави со лушпата, ова сигурно не сте го пробале (видео)

Овој трик можете да го прилагодите на вашиот вкус.

Лукот е неизоставна намирница во кујната ширум светот, но дали знаевте дека го лупите на погрешен начин? Според тврдењето на еден готвач, постои начин да го искористите секој дел од лукот и да го намалите отпадот.

Не фрлајте ја лушпата од лукот

Алесандро, готвач од Лондон и урбан градинар, тврди дека „лушпата од чешне лук се јаде“. Меѓутоа, ова не значи дека треба цели чешниња лук сосе лушпа да ги ставите во јадењето. Алесандро сподели видео на Tикток во кое објаснува како да ја искористите лушпата на лукот и да направите вкусен зачин кој, според готвачот, е фантастичен со помфрит.

Процесот е едноставен. Потребно е да измиете лушпи од лук и лушпи од кромид - во чиста вода, а потоа да ги исушите на кујнска крпа. Потоа лушпите ставете ги на плех и сушете ги во рерна околу пет минути на 160 степени. Кога ќе станат крцкави, извадете ги од рерната и сомелете ги во ситен прав. Потоа измешајте ги мелените лушпи со сол, бибер, црвен пипер и лута пиперка за да го комплетирате овој домашен зачин. Овој трик можете да го прилагодите на вашите вкусови, па наместо црвен пипер, зачинот можете да го користите во која било комбинација по ваш избор.

Како да ги искористите лушпите од лук за домашна супа

Алесандро, исто така, советува лушпите од лук и коските од месото што ви останале по печењето да ги искористите за домашна супа. Само ставете ги лушпите и коските во тенџере со зачини, билки, зеленчук и вода, и оставете ги да вријат неколку часа, а потоа процедете ја течноста. Според Алесандро, оваа супа може да се користи како основа за супи и чорби, а може да се замрзне и за подоцнежна употреба.

@spicymoustache Me and @laja love garlic so much! It is such a versatile vegetable which takes a long time to grow and it would be a shame to waste any part of it as even the skin it’s fully edible. GARLIC OIL AND CRISPY GARLIC 🧄 •1 cup x chopped garlic •2 cups x avocado oil or vegetable oil no olive oil STEP BY STEP 🥣 -in a pan heat the oil at fry temperature use a slice of garlic and put it in to see if the temperature is high enough to fry. -add the garlic and fry til golden -don’t over fry it as it’ll have a bitter burnt taste and will ruin the oil as well. -in a bowl drain the oil from the garlic . -store the oil in to a bottle -place the fried garlic on top of a muslin and let dry a bit from all the oil -store it in an airtight container up to one year . GARLIC SKIN POWDER: •onion peel •garlic peel •salt •pepper •paprika powder •chilly powder •optional flavours example: Mediterranean herbs, masala mix, chives & dill . STEP BY STEP: 🥣 - wash your peels together or separately depending on the quantity you have if you want 2 different powders. - tap them dry and place on a baking tray - bake at 160* for about 5 min keep an eye on it and make sure they nice and crispy when ready (turn off the oven and leave the door shut until dry). Alternatively, let the peel dry with the leftover heat inside your oven once you finish to cook (no energy use). - blend them until you have a fine powder. - add salt , pepper , paprika and chilly powder for a great fries potato seasoning or get creative using different mixed Mediterranean herbs or a masala mix . - the quantity depends on how much peels you have so taste the mix first to get the best result. #fyp #foryoupage #contentcreator #garlic #zerowaste #zerowastefood #homemadefood #zerowasteliving #easyrecipe #sustainability #healthyfood #recipe #asmrfood ♬ New Home - Austin Farwell

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец  е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања со оглед на тоа дека условот за уставни измени за нас останува, оценува аналитичарот Петар Арсовски. Меѓутоа таа ќе донесе порака од Брисел дека проширувањето на Унијата е жив процес, додава Арсовски.

-Преговарачката рамка најверојатно ќе остане фиксна, можеби некаква интерпретација можеме да добиеме или потстрег и мислам дека тоа е главната порака на Комесарката – еден потстрег во рамки на сегашните можности за забрзување на евроинтегративниот процес. - Петар Арсовски, аналитичар

Според Арсовски, нон-пејперот на Мерц и Макрон кој се дискутираше во Тиват а според кој земјите кандидатки забрзано би се интегрирале за време на пристапните преговори, може да е тема на дискусија за време на посетата на Кос во Македонија.

-Имајте в предвид дека таа идеја за бенефитите, да не се чека крајот на преговарачкиот процес, туку постепено да се реализираат додека трае преговарачкиот процес. Имајте в предвид дека Македонија не е во преговарачкиот процес во моментов. Така што дури и да се прифатат сите идеи на Мерц и Макрон, тоа за на нас ќе важи само доколку ги одблокираме преговорите, носејќи ги уставните измени. Условите и мерит системот за преговорите не може да се смени, но можеме доколку се качиме на овој воз, можеме да почуствуваме дел од бенефитите на новата методологија. - Петар Арсовски, аналитичар

Тоа што утре Украина и Молдавија ќе започнат со отварањето на преговарачките поглавја, кај нас ќе создаде поделени чувства, оценува Арсовски. За едни тоа ќе создаде притисок за забрзување на евроинтегративниот процес, додека кај оние кои веќе скептично се однесуваат кон ЕУ, ќе иницира дополнително негодување сметајќи дека ЕУ не ги исполнува своите ветувања, посочува Арсовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија.

ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети

Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на ВЛЕН. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци.

Ја потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата.

Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите.

Со заминувањето на ДУИ од власта, престана масовната корупција и започна работата. Затоа оваа Влада го гради автопатот Скопје-Блаце, интензивно работи на Коридорот 8, го гради кампусот на УНТ, Болницата во Кичево и Болницата во Тетово, како и инвестира во основната инфраструктура во општините. Не сме биле сиромашни, сме биле ограбувани!

ВРЕДИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија

Дококлку опозицијата повика на предвремени парламентарни избори, ќе прифатиме и ќе победиме, но СДСМ се кријат и бегаат од ново изборно соочување, смета премеирот Христијан Мицкоски. 

Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија

Тој и денес го повтори ставот дека сметаат оти парламенарните избори треба да се одржат во редовниот термин 2028-та, но дека на половина од мандатот мора да се подготвени за изборно соочување во било кое време. Сепак вели власта нема да биде таа која ќе иницира предвремени избори.

„Ние сме добиле мандат од граѓаните за 4 години и ние сакаме да одиме на редовни парламентарни избори на пролет во 2028-ма. Но доколку сме предизвикани се разбира ние мора да сме подготвени како секоја сериозна политичка опција. Во нашиот случај, кај нас во државата имаме опозиција која има 4-5 луѓе, јас би ги нарекол политички камикази коишто излегуваат во јавнсота навредуваат и изнесуваат куп невистини и мислат дека ако ги растурат пердувите дека дел ќе останат несобрани и некој ќе им поверува. Еве им можност да покажат ајде да видиме ако сте толку силни па да видиме што и како ќе биде. Ако бидеме предизвикани одиме на предвремени и ќе победиме“– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Во меѓувреме власта ќе се фоксуира на најавената владина реконтрукција. Разговорите со колационите партнери ќе стартуват од четврток, веднаш по одбележувањето на 36-тата годишнина на ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот роденден ќе биде на 17-ти јуни на стадион во Струмица. Премеирот Мицкоски смета дека во вода паѓаат и обвинуавњата од опзоициската СДСМ дека власта ја носи државата кон изолација и дека ваквите тврдења ги демантираат низата посети на високи државници и европски функионери во земјава. Потврди и дека на почетокот на идниот месец Македонија ќе ја посети и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

„Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерална средба со турскиот претседател, францускиот претседател и германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и во Скопје беше претседателот на Европскиот совет, сето тоа за само два месеца“- Христијан Мицкоски, претседател на влада

Посетата на Кос во земјава доаѓа по една година. Таа во редовна посетата на Македонија, како дел од балканата турнеја беше и лани на 1-јули. Тогаш освен со премиерот Христијан Мицкоски, еврокомесарката за проширување се сретна и со опозицискиот лидер Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер