Проектите од интерес на кумановскиот регион на дневен ред на денешната владина седница

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна седница во Куманово на која приоритет ќе бидат информациите за проектите од непосреден интерес на граѓаните од општините во регионот. 

Претходно, министрите ќе имаат повеќе теренски активности во овој регион.

Според агендата, пред владината седница која ќе се одржи попладне, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во работите на рехабилитација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети Општата болница во Куманово, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе ја посети компанијата за месна индустрија „Никси" како еден од корисниците на ИПАРД програмата.

На дневен ред на седницата се информацијата за состојбите и извршените проекти во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане. Ќе биде разгледана и информацијата за изготвување „Регистар на програми" во рамки на програмата „Фонд за млади умови", што ќе ја презентира Фондот за иновации и технолошки развој.

На оваа владина седница се очекува да биде разгледана и прифатена Предлог – одлуката за давање согласност за потврдување на Спогодбата за присоединување на јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП ПРОАКВА Струга (РЕ Колектор Струга).

На предлог на Општина Крушево, се очекува Владата да донесе одлука за барање за финансирање на проект „Изградба на дел од инфраструктура во центар за параглаjдинг во Крушево".

На предлог на заменик претседателот на Влада на РМ задолжен за економски прашања ќе бидат разгледани информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како и информацијата за текот на проектот дуално образование.

На дневниот ред за оваа седница е и информацијата за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија".

Агенцијата за млади и спорт ќе ја презентира информацијата за преземените активности за изработка на Акцискиот план за 2020 година за спроведување на Националната стратегија за млади (2016-2025). /МИА

Пахор: Се подготвувам многу за функцијата специјален пратеник за дијалог Белград - Приштина

 Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина.

-Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“.

Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија.

За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб.

Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

притисни ентер