Проект за справување со аерозагадувањето се спроведува на Штипскиот универзитет - Канал 5

Проект за справување со аерозагадувањето се спроведува на Штипскиот универзитет

Новокупената високотехнолошка опрема денеска беше промовирана на Штипскиот универзитет, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје". 

Проект за справување со аерозагадувањето се спроведува на Штипскиот универзитет

Во лабораторија на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип се прави анализа на изворите на загадување на воздухот со примероци од мерни станици во Лисиче и Карпош, со цел да се добијат веројдостјни и научнобазирани податоци за да се креираат соодветни политики и ефикасни мерки во справување за овој еколошки проблем.

Новокупената високотехнолошка опрема денеска беше промовирана на Штипскиот универзитет, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје". Финансиран е од Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА) и спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

– Загадувањето на воздухот е голем штетник на здравјето на луѓето. Околу 19 градови во Западен Балкан имаат повисок процент на загадување од поставените стандарди на Европската Унија. За Шведска е важно да ви помогне во овој проблем. Ги следиме напорите што ги прави вашата земја и ја поддржуваме за поглавјето за животна средина 27, кое е обемно и скапо за имплементирање, изјави амбасадорката ан Шведска во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон по посетата на лабораторијата на УГД Штип.

Таа нагласи дека одговорноста за загадувањето е заедничка – важно е сите граѓани да бидат одговорни, да се грижат за отпадоците, пластиката.., децата да се едуцираат и е многу важно, рече, да се подигне јавната свест и да се вклучат и научните установи и граѓанските организации со нивната експертиза.

Претставничката на Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) Нарине Сахикјан посочи дека решавањето на проблемот со аерозагадувањето бара интердицсиплинарен и интерсекторски пристап и затоа проектот што денеска го презентираа е сеопфатен и се вклучени и Министетството за животна средина, бизнис-секторот, академсата заедница.

– На Универзитетот „Гоце Делчев" се прави анализа на примероците од мониторинг-станиците во Лисиче и Карпош во Скопје, за да се добијат повеќе детали за можните извори на загадувањето. Важно е да се добијат веродостојни податоци кои потоа ќе и помогнат на Владата да донесе вистински мерки и политики за справување со овој проблем. Исто така и нам, како партнер во имплементацијата, ќе ни помогне да имаме соодветен пристап, а ќе влијае и на политиките на локалните власти и на однесувањето на граѓаните во земјата, истакна Сахикјан.

Во рамки на овој проект ќе им се помогне и на 160 домаќинства во Лисиче да го променат начинот на загревање на нивните домови со модерен. Посочи дека веќе се избрани 60 домаќинства, се прават проверки за да се изнајде најсоодветно решение за ефикасно загревање што нема да ја загадува животната средина. Повикот е отворен до 5 април, ќе бидат избрани уште сто домаќинства и ќе се поддржат оние што се социоекономски најранливи.

Министерот за животна средина Насер Нуредини посочи дека со овој проект ќе добиеме научни податоци за аерозагадувањето за кое, рече, зборуваме со децении, а нема едноставно решение.

– Имаме индикатори за изворите на загадување, а со овој проект имаме можност точно да ги идентификуваме кои се загадувачите и врз основа на тие податоци ќе креираме соодветни политики и насоки како да се смени загревањето на објектите – приватни, државни, инфраструктурни итн. Ова е пилот-проект кој се имплементира во Скопје, но ја засега целата држава. Владата ги обврза сите државни институции, локални самоуправи, министетства… да направат список на сите јавни објекти и начинот на кој се загреваат. Сакаме да бидеме пример за промена на начинот за загревање на објектите, а потоа во тоа да ги поддржиме граѓаните, истакна Нуредини.

Тој посочи дека Министерството за животна средина има стратегија и програма за овој проблем и дека соработува со министертствата за економија и за транспорт и врски во инвестирање за инсталација на гасоводот во земјава. Министерството за екомномија нуди субвенции за промена на начинот на греење на домовите, а Министетството за финансии, рече, обезбеди кредит од 25 милиони евра за енергетска ефикасност.

Ректорот на Штипскиот универзитет Блажо Боев изјави дека е почестен што овој проект дониран од Шведска и спроведуван од УНДП и е доверен на нивната установа која е опремена со модерна технологија. – Штипскиот универзитет е најпрогресивната научна установа во земјава што може да се занимава со прашања од оваа проблематика, рече ректорот на УГД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Денеска во Македонија ќе времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни се очекува да достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека преку ден ќе достигне до 32 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 26. јули 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 26. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 26. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)

Жена (47) е тешко повредена, додека нејзиниот зет, маж (42), е убиен во два одделни напади што се случија во четвртокот во зори во близина на Каљари на Сардинија.

Крвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)

Италијанската полиција се сомнева дека двата инцидента се поврзани.

Осомничениот, 39-годишен маж од Каљари кој легално поседувал огнено оружје, им се предал на карабинерите по нападот и признал дека ги застрелал сопругата и братот, објавува РАИ.

Според досегашните информации, првиот напад се случил околу 5:45 часот наутро во градот Соланас, каде што жена била застрелана во главата во нејзиниот семеен дом.

Таа се здобила со сериозни повреди на главата и била итно префрлена во болницата Броцу во Каљари.

Само 25 минути подоцна, околу 6:10 часот наутро, службите за итни случаи добиле повик од населбата Марџине Росо во општината Кварто Сант'Елена. Таму бил пронајден 42-годишен маж, застрелан во градите и починал на местото на настанот.

Пет минути по вториот напад, во 6:15 часот наутро, осомничениот доброволно се појавил во станицата на карабинерите и признал дека ги застрелал сопругата и братот.

Според првичните резултати од истрагата, мотивот за злосторството најверојатно лежи во сериозни семејни конфликти.

По наредба на дежурниот обвинител, мажот е уапсен и приведен, додека карабинерите продолжуваат со истрагата и собирањето докази со цел целосно да се реконструираат околностите на убиството и обидот за убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер