Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото - Канал 5

Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото

Сите владејачки елити во изминативе три децении имаа повеќе или помалку директна вина за состојбите во правосудството и потребни се коренити, не само декларативни, реформи за независна трета власт.

Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото

Сите владејачки елити во изминативе три децении имаа повеќе или помалку директна вина за состојбите во правосудството и потребни се коренити, не само декларативни, реформи за независна трета власт, сметаат дел од политичките аналитичари по последниот извештај на ЕК за владеењето на правото во земјава. Според Благојче Атанасовски државата ќе продолжи да тапка во место се додека не се покаже вистинска иницијатива за длабоки промени за право и правда. Фокусот за поголем буџет во правосудството според него не треба да биде само за платите на судиите и обвинителите туку и за админинистративните работници кои носат голем дел од товарот за ефикасно спроведување на предметите, а немаат достоинствени плати и кадар.

-Генерално секогаш состојбите во правосудството биле нотирани дека се лоши и незадоволителни за Македонија да ги исполни критериумите за членство во самата ЕУ. Политички фолклор се обвинувањата меѓу власта и опозицијата кој повеќе направил штета и политизација на правосудните органи. За жал нашите владејачки елити во овие 35 години не сфатија дека правосудната власт треба да биде независна и трета власт и поради тие натрупани состојби ние добиваме вакви катастрофални извештаи. Не станува збор само за платите на судиите и обвинителите кои се за македонски услови навистина високи. Во целиот тој судско- обвинителски систем и повеќе од 80 проценти од вработените не се судии и обвинители и навистина работат за мали плати, би рекол дури и ужасни за македонски стандарди и постојано се нотира дека има дефицит на таков административен кадар, изјави Атанасовски.

А партиите и денеска продолжија со меѓусебни прозивки за состојбите во правосудството. Откако премиерот Мицкоски вчера извештајот го оцени како најдобар од сите споредено со претходно кој содржи и пофалби и критики, но беше дециден дека и покрај забелешките, Владата нема да даде повеќе пари за судството и обвинителството се додека не испорачаат резултати, од СДСМ реагираат дека ваквата изјава е, како што велат, директно политичко влијание врз правосудството, а извештајот на ЕК, според нив, е европска дијагноза за заробеното правосудство од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

-Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци. Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем, изјави Наумовски од СДСМ.

Судиите да почнат да испорачуваат правда, очекуваат и од партијата на Павле Трајанов. Од Демократскиот сојуз оценуваат дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, но независноста на судството, како што велат, не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пред „пензија“ на јахта се соблече најатрактивната светска тенисерка

Иако сезонава имаше само неколку настапи, 36 годишната тенисерка Виталија Дјаченко е на прагот на повлекување од професионалниот спорт. 

Фото: Пред „пензија“ на јахта се соблече најатрактивната светска тенисерка

Од многумина сметана за најатрактивната тенисерка во светот, таа својот последен натпревар го одигра уште во мај оваа година.

На нејзиниот профил на ВТА (WTA) таа е заведена како неактивна, иако евиденцијата на ИТФ (ITF) покажува нејзини настапи во текот на 2026 година.

Останува нејасно дали таа има намера да продолжи со натпреварувањето, но очигледно е дека крајот е близу.

Интересно е што во последниве години Дјаченко привлече поголемо внимание со своите гламурозни фотографии на социјалните мрежи, додека нејзините спортски резултати се послаби отколку во нејзините најдобри години.

Нејзиниот најдобар пласман беше 71-то место на ВТА-листата во 2014 година, а во 2018 година стигна до третото коло на Вимблдон. На тој турнир, во првото коло, таа ја победи големата Марија Шарапова.

Нејзините најнови објави само потврдуваат зошто таа го има статусот на една од најзачудувачки убавите тенисерки на Турнејата. Таа ја покажа својата беспрекорна фигура додека летуваше во Бодрум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Американската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно.

Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум.

Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс.

Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“.

Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор?

Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу.

Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година.

Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота.

Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер