Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
1Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ТехнологијаПродолжуваат лошите реакции за платените „сини ознаки“ на ТвитерТвитер во четвртокот ги отстрани бесплатните „сините ознаки“ за автентичност на профилот. Но, откако Илон Маск го објави тн. „Твитер блуе“ како новина, собра речиси целосно негативни реакции.Како што многумина претпоставија, новиот систем не успеа, но според некои пишувања, се чини дека е и вистинска катастрофа, бидејќи „Твитер блу“ наводно има само 28 нови претплатници. Со ова, милијардерот сакаше да ги натера корисниците да платат за верификација на автентичноста на профилите. И, се чини, осум долари месечно објективно не би требало да бидат огромен проблем за познатите личности и компаниите, но многумина зазедоа став дека се работи за принцип, а не за парите. НБА-кошаркарот Леброн Џејмс и писателот Стивен Кинг, на пр., отворено ја критикуваа оваа одлука, а некои „популарни профили“ дури најавија и дека ќе го блокираат секого со „сина ознака“. Тревис Браун, независен истражувач кој активно ги следел претплатниците на „Твитер блу“, открива дека од нешто повеќе од 400.000 проверени профили досега, само 19.497 се претплатени на „Твитер блу“. Маск го најави „чистењето“ за 1 април, но на крајот тоа беше преместено за оваа недела. Притоа, некои корисници забележаа дека старите сини ознаки всушност не се отстранети, туку само скриени. Но, тоа беше само краткорочно. Со ознаките првично требаше се запре крадењето идентитети и имиња на интернет. Потоа тие се претворија „статусен симбол“, а потоа станаа „симбол“ достапен за секој што би платил осум долари... Така, според многумина, овие ознаки денес се главно нешто што го плаќаат крипто-измамниците и разни „инфлуенсери“. Браун открива и дека повеќе од половина од претплатниците на „Твитер блу“ имаат помалку од 1.000 следачи. Обидувајќи се да го избегне сѐ ова, Маск овозможи бесплатна проверка на мал број познати личности, вклучувајќи ги тука Леброн Џејмс, Стивен Кинг и Вилијам Шатнер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени каналиИли со гумени чизми или скокање од камен на камен преку вировите и калта за да се стигне до гробното место на починатите на гробиштата во Бутел. Крсте Велков две години доаѓа по оваа калива и поплавена патека на вечното почивалиште на неговата сопруга. Откако бил направена улицата “Александар Урдаревски“ и целиот канал покрај патот бил оставен неуреден и запуштен. Велков реагирал до АД БУТЕЛ, општина Бутел и Град Скопје, но засега во разговорите сите објасниле дека немаат директна надлежност. Проблемот стои, а многу често водата стигнува и до самите сандаци на покојните. Водата е нон стоп присутна и ги опколува гробните места без разлика дали врне дожд или не, вели Велков. Од АД БУТЕЛ за Канал 5 објанија дека проблемот го знаат но дека не е во нивна надлежност а водата често ја испумпуваат, но дека таа нон стоп е тука и мора итно да се уреди каналот. Од јавното претпријатие Улица и патишта обајснуваат дека чистењето на каналот се одвива според годишна програма и овој канал бил во план да се реализира во текот на наредниот период. Екипите работеле на чистење на коритото на Вардар и на други канали. Екипи веќе излегле на терен на оваа улица, велат од претпријатиетот за канал 5. Тие аплерираат граѓните да не ги корстита каналите за фрлање на отпад и шут. - „Екипи излегоа на терен и заклучија дека веднаш ќе постапат за да може да има проток на отпадните води до реакта Серава. Во текот на утрешниот ден ќе започне расчистувње на вегетацијата која исто така ја попречува видливоста на дел од сообраќајниците“. извор ЈП „Улица и патишта“ Велков вели дека на живите утеха им се почивалиштата на нивните блиски, и се надева дека до почивиалиштата ќе достоинствен пристап. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаИстрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек Речиси пет месеци откако 5 тони марихуана од Македонија беа запленети во Србија истрагата е без конечен епилог. Српската полиција уапси четири лица а се уште трага по организаторот на групата Александар Миајајловиќ. Министерот Ивица Дачиќ не открива детали за случајот ниту пак до каде е потрагата на осомничениот организатор. -Јас не можам ништо да кажам. Мислам дека е тоа еден голем успех што го постигнавме, во последните две и пол години мислам дека 18 тони дрога се запленети во Србија. Ова е една од најголемите заплени што се случила во Коњух, ама не беша само таа имаше уште неколку на таа линија и се трагаше за тие осомничени и организаторот но тоа е се во рацете на обвинителството,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија. Меѓу уапсените во Србија беше и Иван Драгниќ, српски државјанин, но и косопственик на фирма во Македонија за одгледување на медицински канабис, со уште тројца Срби. Македонското МВР во февруари поднесе кривична пријава против 10 лица а обвинителството отвори истрага за шестмина. И министерот Панче Тошковски очекува резултат од истрагата. -Мислам дека треба да оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста што ја има согласно закон. Знаете дека МВР за дел од групата поднесе кривична пријава. Дел од учесниците во рамки на овој кривично правен настан се обезбедени, лишени од слобода и за нив се определени најствоги мерки согласно ЗКП,- изјави– Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Како 5 тони марихуана ја поминаа македонско српската граница беше едно од прашањата што се отвори откако беше запленета дрогата. Дачиќ, кој денеска со Тошковски на граничниот премин Табановце ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, уверува дека без разлика на која функција биле сите инволвирани ќе одговараат. Обвинителството ја води таа истрага но сите оние кои се вклучени во овој процес ќе бидат процесуирани без оглед на која функција се наоѓаат,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија. Истрагата за овој случај ја води ОЈО ГОКК каде предметот се уште е во фаза на истрага. За конкретниот транспорт, предметот во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во истрага и активно се постапува против шест лица, од кои двајца се во притвор. ...велат од ова обвинителство за Канал 5. Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, а во истрагата се вклучи и Албанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДебата „разговори за иднината во 12 и 5“ – меѓу присутните поранешни и актуелни функционери од СДСМ Во најголема тајност и зад затворени врати во познат скопски хотел, одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“,Во најголема тајност и зад затворени врати во познат скопски хотел, одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“, како што го насловија настанот организаторите. Фокус на Настанот кој беше затворен и за новинарите, биле актуелните проблеми во државата и унапредување на демократијата. Модератор на разговорот беше беше екс високиот функционер, близок на т.н. скопско крило на СДСМ, Игор Ивановски – Шема, поранешниот пратеник од партијата Емилијан Станковиќ, унверзитетскиот професор Ненад Марковиќ, актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, а посебно внимание привлече присуството на пратеничката Славјанка Петровска. Тема на разговор вели СДСМ не бил, а поканата за присуство ја прифатила како што ги прифаќа и сите останати кои се однесуваат на иднината на државата и демократијата. -Ниту јас, ниту пак било кој ќе дозволам да зборувам на друго место, разговрите за СДСМ, место каде што се разговараат е на Бихаќка, во седиштето на партијата и во рамките на органите на партијата. Но, се разбира овој состав беше да речам замена за било какви кулари или било какви собиранки на места на кои не им е местото да се зборува за иднината на државата, така што мислам дека нема ништо спорно. Демократските процеси мора да се дигнат на повисоко ниво, парламентаризмот треба да доживее издигнување над партиската припадност и дека политиките кои се водат во државата не не водат во добар правец. Власта е дезиорентирана, а за промена на власта е потребна силна опозизиција која тоа ќе го овозможи. - Славјанка Петровска – Пратеничка на СДСМ. Дел од гостите пристигнаа преку главниот влез, но дел од нив преку спореден влез, преку гаражите директно со лифт се упатија до местото на настанот, пред хотелот ги пречекаа од социјалдемократската младина, со порака дека иднината нема да се крои зад затворени врати. Средбата ја поврзаа со премиерот Мицкоски. Денеска ќе бидеме тука да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина, да ги видиме луѓето без имиња, политиката на иднината без лице, односно иднината што ни ја подготвува Христијан Мицкоски. Ние младите ќе бидеме тука да видиме кој во наше име, зад затворени врати, под превезот на тајноста и странските принципи на доверливост ја крои нашата судбина. Да ги погледнеме во очи и да им порачаме јасно. Нема да одлучуваат наместо нас, нема да одлучуваат во име на организираната криминална група, нема да одлучуваат во име на Христијан Мицкоски. Меѓу 20тината поканети, беа и поранешниот градоначалник на Карпош – Андреј Петров, унверзитетските професори Ненад Марковиќ и Гордан Георгиев, актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, адвокатот Звонко Давидовиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54