Според бугарските медиумим,вчерашниот протест поминал со поворки во Бугарија и низ целиот свет, блокади на автопати и патишта. Полицијата нема регистрирано сериозни нарушувања на јавниот ред, соопшти Прес-центарот на МВР.
Традиционалниот марш се одржа во Софија, со барање за оставка на владата и главниот обвинител.
Меѓународниот пат Е-79 за кратко време беше блокиран од страна на демонстрантите, што предизвика 4-километарска колона автомобили во двата правци - кон Грција и кон Софија.
Патот Стара Загора - Хасково останува блокиран повеќе од два дена. Граѓаните што протестираат таму рекоа дека ќе останат на лице место за да ги побараат своите права.
Стотици Бугари во странство, исто така, вчера излегоа на протест со слоганот „Вие не сте сами!“ испратен до демонстрантите во Бугарија. Имаше протестен марш на Бугарите во Монтреал, Минхен, Осло, Париз, Прага, Торонто, Штутгарт.