Продолжуваат активностите во пресрет на Вевчанскиот карневал

Во Клубот на пензионери во Вевчани денеска ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Ниче Василев, со што ќе продолжат активностите во пресрет на традиционалниот Вевчански карневал.

Музичкиот дел од програмата почнува вечер со настапи на Нокаут, ДНК и Фрајле, а утревечер на програмата се Ефто Пупиноски и Анета Наковска. Новата година ќе биде дочеката со пет минутен огномет и настапот на Пупиноски.

Традиционалното карневалско дефиле под маски почнува утре напладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатата година ќе продефилираат низ вевчанските улици и ќе ги претстават своите маски. Вевчани ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

После полноќ невестите од двете маали заедно со гостите одат на Вевчанските извори полнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

Според традицијата, следниот ден Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, некаде околу 17 часот. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупи Августи, кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар./МИА

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН

 Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.

„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс./МИА

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија. /МИА

Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица

Полицијата заплени кокаин, хероин и канабис.

Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови.

-Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд на општата надлежност на Тирана. Обезбедени се правни докази за документирање кривични предмети на 35 граѓани, изјави Тонин Воцај, директор на полициската управа на Тирана.

Воцај додаде дека се уапсени 20 лица а по 10 други се трага, запленети се 3,5 килограми кокаин, 50 дози хероин, 100 дози канабис, 27 мобилни телефони и 5 автомобили.

Во рамки на првата и втората фаза од акцијата „Храм“, чија цел е сузбивање на дистрибуцијата на дрога пред училишта и угостителски објекти, уапсени се повеќе од 200 лица. /МИА

притисни ентер