Продолжува „војната“ меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит: Никогаш нема да добие стрателство - Канал 5

Продолжува „војната“ меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит: Никогаш нема да добие стрателство

Поминаа речиси шест години од еден од најпознатите разводи во Холивуд, меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит, а поранешните сопружници сѐ уште не можат да постигнат договор за старателството над децата.

Продолжува „војната“ меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит:  Никогаш нема да добие стрателство

„Анџелина изгледа категорична дека Бред никогаш нема да добие половина старателство. Има некои кои велат дека нема да престане додека децата не пораснат, па Бред никогаш нема да има заедничко старателство“, изјавил извор запознаен со нивната правна битка. Тоа е само последното во серијата тврдења во навидум бескрајната војна на поранешните сопружници.

"Анџелина постојано го напаѓа Бред. И намерно го продаде својот спорен дел од нивното лозје на купувач за кој знаеше дека Бред не го сака", рекол пријател на Пит.

Пит во судските документи од јуни тврдел дека намерно „сакала да му наштети“ продавајќи го својот удел во Шато Миравал на рускиот бизнисмен Јури Шефлер, основач на Столи Водка. Тој тврдеше дека се согласиле никогаш да не ги продаваат своите акции без дозвола на другиот, но изгледа дека Џоли избрала да го игнорира тоа.

„Тоа е негово бебе, тој е многу горд на тоа и целиот приход од бизнисот го вложи во лозјата и студиото на имотот. За жал, Анџелина го продаде својот дел, што беше против нивниот договор, на некој што и двајцата претходно го одбиле. “, рече неговиот пријател, откривајќи дека на имотот имало и студио за снимање.

Во април, Page Six објави дека Џоли, наводно, презела очајнички чекор да го тужи ФБИ под името Џејн До за да дознае повеќе за нивната истрага за наводниот инцидент во приватен авион во 2016 година, кој вклучувал расправија помеѓу Бред и нивниот син Медокс. Бил упатен анонимен повик до властите, што покренало истрага на ФБИ. Неколку дена подоцна Џоли поднела барање за развод.

Работите станале уште понапнати зад сцената кога адвокатскиот тим на Пит рече дека адвокатите на Џоли се обиделе да го санкционираат нивниот детски психолог бидејќи, според нејзиното мислење, тој наводно застанал на страната на Бред Пит, заклучувајќи дека треба да добие заедничко старателство над децата. Психологот Стен Кац, кој разговарал со нивните малолетни деца за прашањето на старателство, моментално е под некриминална истрага од канцеларијата на јавниот обвинител во Калифорнија.

По долги години расправија, Пит го добил заедничкото старателство над своите малолетни деца во мај 2021 година, но судијата потоа бил дисквалификуван од случајот затоа што не ги открил деловните зделки со адвокатите на Пит. Така сѐ се вратило на почеток, а поранешната двојка се уште се бори за старателството над децата.

"Сè стои. Минатата година беше вистински ролеркостер. Бред го доби заедничкото страрателство со долга, детална судска одлука. Сепак, апелациониот суд ја укина одлуката врз основа на нешто што немаше никаква врска со суштината на овој случај. Тоа беше интерен спор меѓу судиите, нема врска со договорот за стрателство. Тоа беа технички работи. Не е јасно во која фаза е тоа во овој момент“, изјавил извор за Page Six.

Исто така, се верува дека Пит не е близок со својот најстар син Медокс, кој неодамна наполни 21 година. На прашањето колку често актерот ги гледа другите деца, изворот вели: „Тој ги гледа, но сè уште нема заедничко старателство. Но, тој се обидува да го реши тоа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер