Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
2Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
СветТрамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС), со што го засили притисокот врз оваа институција и потенцијално ја отвори вратата за казнување на компаниите што ѝ пружат услуги.Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС, а оваа нова одлука претставува дополнителен чекор во конфликтот на Вашингтон со оваа институција. „Претседателот Трамп никогаш нема да дозволи Меѓународниот кривичен суд да им суди на Американци“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение до кое Ројтерс имаше пристап пред неговото официјално објавување. „Токму затоа Соединетите Држави денес воведуваат санкции против Меѓународниот кривичен суд. Ќе ги забраниме трансакциите со овој суд што дејствува надвор од правилата, ќе му ги пресечеме ресурсите и ќе ја парализираме неговата способност за работа“, изјави Рубио. МКС ги осудува санкциите: „Тие нема да ја запрат нашата работа“ Заменик-обвинителката на МКС, Нажат Шамим Кан, изјави за Ројтерс дека американските санкции мора да бидат осудени и дека тие нема да ја запрат работата на институцијата. „Санкциите имаат за цел да го поткопаат владеењето на правото на меѓународно ниво и работата на независна правосудна институција“, рече Кан. Таа нагласи дека судот ќе продолжи со работата на сите предмети, истраги и кривични постапки. Во центарот на спорот се Газа и Авганистан Вашингтон долго време го критикува Меѓународниот кривичен суд поради налозите за апсење на израелски функционери – вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху – за наводни воени злосторства во Појасот Газа. САД исто така се противат на претходната истрага на судот за постапките на американските трупи во Авганистан, истрага која во меѓувреме е завршена. Меѓународниот кривичен суд е основан во 2002 година за да им суди на поединци осомничени за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Тој брои 125 земји-членки, вклучувајќи ги сите членки на Европската Унија и речиси сите членки на НАТО. Соединетите Држави не се членка на судот. Нобелова награда во услови на политички притисок Нави Пилај, јужноафриканската правничка која во петок ја доби Нобеловата награда за мир за нејзиниот придонес кон меѓународното кривично право, служеше како судија во Меѓународниот кривичен суд од 2003 до 2008 година. Во своето образложение, Нобеловиот комитет го истакна актуелниот период во кој судиите и меѓународните правни институции се соочуваат со политички напади. „Меѓународен правен систем во кој воените злосторници одговараат за своите постапки, а жртвите на злоупотреба дочекуваат правда, е предуслов за мирен свет“, се наведува во соопштението. Санкциите би можеле да влијаат врз банките и технолошките компании Американските санкции генерално им забрануваат на компаниите со седиште во САД да деловно соработуваат со субјекти кои се под санкции. Ова би можело да доведе до затворање на банкарски сметки, прекин на осигурителното покритие и суспензија на софтверските услуги што му се обезбедуваат на Меѓународниот кривичен суд. Претставниците на Судот со месеци се подготвуваа за можноста од воведување санкции. Според Ројтерс, тие вршеле премин од програмите на „Мајкрософт“ кон алтернативни софтверски решенија и правеле нови аранжмани за банкарски услуги и здравствено осигурување. Претходно оваа недела, секретарот на Судот, Освалдо Завала Гилер, ја повика Европската унија да биде подготвена да го активира таканаречениот „статут за блокирање“ – механизам што ги штити европските земји од екстериторијалните ефекти на санкциите воведени од други држави. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни. СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари. И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура. Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа. Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема. Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања? СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка. Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECIНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative) Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative). На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки. За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter