Продолжува собраниската расправа за заем од 179 милиони долари за автопатот Кичево-Охрид

Пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни обвинувања за како што велат, наводен криминал во однос на договорите за кредитирање на овој проект.

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат 116. седница на која се расправа по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево – Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вчера на пленарната седница истакна дека проценетата вредност на дополнителните финансиски средства за проектот за кој лани беше изгласан анекс на договорот од страна на Собранието, е вкупно 179.694.572 долари. Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматна стапка е фиксна и ќе изнесува два проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни обвинувања за како што велат, наводен криминал во однос на договорите за кредитирање на овој проект.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат, убедени се во криминалноста на овој договор за задолжувањето и прашуваат зошто вредноста на патот се зголемува за 40 проценти, ако досега се реалиизрани 76 отсто од активностите.

Пратениците од владеачката СДСМ и коалицијата, пак со став дека криминален и брзоплет бил пристапот на поранешната Влада која за проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, ја задолжија земјата за 505 милиони долари, но во него не биле предвидени клучки и други важни позиции. Со овој анекс – договор, додаваат, се обезбедуваат пари за целосна изградба на автопатот до 2021 годинатоа, а цените на многу ставки се пониски во однос 1:3.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор, потоа на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, сите по скратена постапка. Меѓу точките се и Предлог законите за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Македонија и за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и двата во прво читање./МИА

НАСА објави симулација на влез во црна дупка во вселената (ВИДЕО)

Дали некогаш сте се запрашале што се случува, т.е. како изгледа ако пропаднеш во црна дупка?

НАСА штотуку објави нова, неверојатна визуелизација направена со помош на суперкомпјутер, која покажува што се случува откако ќе го премине таканаречениот хоризонт на настани, точката од која нема враќање, соопшти вселенската агенција.

- Луѓето често прашуваат за ова, а симулирањето на овие процеси кои тешко се замислуваат ми помага да ја поврзам математиката на релативноста со реалните последици во реалниот универзум. Затоа симулирав две различни сценарија, едното во кое камерата, замена за астронаутот, за влакно го промаши хоризонтот на настани и се врати, и едно во кое ја премина границата, со што ја запечати својата судбина - рече Џереми Шнитман, астрофизичар во Годард Центарот за вселенски летови во НАСА, кој ја создаде визуелизацијата.

Визуелизациите се достапни во неколку форми. Некои следат објаснувања, други едноставно имаат бизарни ефекти.

За да ја создаде визуелизацијата, Шнитман се здружи со колегата Брајан Пауел и тие го користеа суперкомпјутерот Дискавери во Центарот за климатска симулација на НАСА. Проектот генерирал околу 10 терабајти податоци и тоа го правел пет дена користејќи само 0,3 отсто од 129.000 процесори на Discovery. На типичен лаптоп, ова би траело повеќе од една деценија, додава НАСА.

Дестинацијата е супермасивна црна дупка со маса 4,3 милиони пати поголема од Сонцето, што е слично на „чудовиштето“ во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

- Ако имате избор, подобро е да паднете во супермасивна црна дупка. Црните дупки со маса слична на ѕвездите имаат многу помал хоризонт на настани и посилни плимни сили, кои ќе ги растргнат објектите што им се приближуваат пред да стигнат до хоризонтот – рече Шнитман.

Симулираниот хоризонт на настани се протега на 25 милиони километри, што е околу 17 проценти од растојанието од Земјата до Сонцето.

– Кога камерата ќе го помине хоризонтот, нејзиното уништување со шпагетификација ќе се случи за само 12,8 секунди – изјави Шнитман.

Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа

Двајца носители на листа и фаворити на претстојните избори во Бугарија се наоѓаат на американската црна листа поради корупција.

Лидерот на Преродба, Дељан Певски е на американската црна листа од 2021 година.

Додека Васил Божков, носител на листа на партијата ЦЕНТАР е на црната листа на САД од 2021 година и се соочува со повеќе од 16 обвиненија, групирани во три големи кривични дела. Откако најави дека ќе биде носител на листата судот во Софија го ослободи со кауција од 130.000 лева (65.000 евра), со што му овозможи на бугарскиот бизнисмен, познат како Череп, активно да учествува во изборната кампања.

Според бугарските обвинители, Божков е обвинет дека не платил речиси 700 милиони лева (350 милиони евра) такси за коцкање, нелегално поседување антиквитети и поттикнување на убиство.

Божков тврди дека е жртва на репресија од страна на поранешниот премиер Бојко Борисов и вети дека ќе се бори против политичката статус кво состојба во Бугарија, тврдејќи дека неговата партија е единствената алтернатива.

Грузија ги обвини организаторите на протестите дека со сила сакаат да ја преземат власта

Службата за државна безбедност на Грузија денеска ги обвини организаторите на протестите против предложениот закон на владата за „странски агенти“ дека сакаат насилно да ја преземат власта и ги предупреди граѓаните да не им се придружуваат.

Веќе еден месец илјадници луѓе речиси секој ден протестираат против предложениот закон, кој го сметаат за авторитарен и инспириран од сличен закон во Русија кој се користи за сузбивање на неистомислениците.

Во објава на Фејсбук, агенцијата за внатрешна безбедност на Грузија предупреди дека организаторите на протестите имаат за цел „да ги соборат државните структури и владата со насилни средства“.

Агенцијата истакна дека организаторите на протестите биле финансирани однадвор и дека планирале насилство врз полицијата, заедно со кампања на граѓанска непослушност како „обоените револуции“, серија бунтови кои ги соборија владите во поранешните советски републики во раните 2000-ти.

„Ги повикуваме младите кои учествуваат во протестите да не следат провокации“, се наведува во соопштението.

Грузискиот парламент треба да го одржи третото и последно читање на законот на 13 мај. Опозицијата повика на нова серија масовни протести од 11 мај.

Западните земји го критикуваат предложениот закон, според кој организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто пари од странство ќе мора да се регистрираат како агенти на странски служби. Европската унија, која на Грузија ѝ додели кандидатски статус во декември, предупреди дека законот може да го отежне пристапот во Унијата.

Предлог-законот предизвика конфликт меѓу владејачката партија Грузиски сон и коалицијата на опозициските партии, граѓанското општество и претседателот на земјата. Владата посочува дека законот е потребен за да се промовира транспарентноста и да се заштити грузискиот суверенитет.

Безбедносните сили често користат солзавец и водени топови против демонстрантите. Минатата недела полицајци го претепаа лидерот на најголемата опозициска партија во Грузија.

Претседателката на парламентот Шалова Папунашвили денеска најави дека владејачката партија ќе создаде јавна база на податоци „за сите лица вклучени во насилство, други незаконски дејствија, закани и уцени или секој кој јавно поттикнува такви дела“.

притисни ентер