Продолжува кампањата за вториот круг на парламентарните избори - Канал 5

Продолжува кампањата за вториот круг на парламентарните избори

Темпото за вториот изборен круг забрзува, по неколку дена мирување и консолидација, кампањата повторно го добива препознатливиот интензитет, оние кои го бараат гласот на граѓаните се враќаат на терен..

Продолжува кампањата за вториот круг на парламентарните избори

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје – Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи сподели видео како од изутрна се собира сметот во неколку општини заедно со коалициски и кандидати од неговата партија. Ја повтори својата најава, дека по неговото евентуално стапување на функцијата, за 72 часа Скопје ќе биде исчистено.

-Од рано утринава со средување на состојбите поврзани со нефункционалноста на комунална хигиена овде во Кисела вода, во мојата општина, зад нас се наоѓа една од микролокациите која што е претворена во мини – депонија. Вака реагираме бидејќи комунална хигиена не ја работи својата работа и така ќе продолжиме уште наредните 10 дена, се до моментот, додека не ја преземеме градската власт и не ги средиме конечно состојбите таму, земајќи во предвид дека за 72 часа конечно ќе направиме Скопје да блесне,- Орце Ѓорѓиевски – Кандидат на за градоначалник на Скопје – ВМРО-ДПМНЕ.

„Фантастично беше што влеговме во вториот круг, фантастичното можеме да го очекуваме и понатаму“ – на овој начин ги посочи шансите за победа за Скопје кандидатот на Левица – Мециновиќ кој верува во победа. Вели, изборот е помеѓу кандидатот на скопјани и владиниот кандидат, односно Влада која, според него, со сметот прави театар од здравјето на граѓаните.

-Со оваа нова ситуација со ѓубрето, каде што сака да се прогласи кризна состојба со ѓубрето во Скопје, тоа значи дека секогаш можеле да ја направат, но очигледно е дека владата сакаше до крај да ги истроши скопјани, до самиот крај до пред избори за да прави театар од нивното здравје, токму тоа го прави владата и покажува дека деструктивна влада. Затоа ќе кажам дека следната недела ќе имаме јасен избор, помеѓу една уценувачка Влада и уценувачки владин кандидат кои ни велат ако не не изберете нема ништо да ви функционира, и имаме една опција обединувачка,- Амар Мециновиќ - Кандидат за градоначалник на Скопје – Левица .

Се огласија денеска и кандидатите за Карпош – Јакимовски и Лукровски. Кандидатот на „Искуство за успех“ најави реконструкција на улици и победа, кандидатот пак на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи посочи дека борбата станува се пожестока и дека е предмет на закани.

-Противкандидатот води со мала предност, минатиот пат, Душко Весовски беше многу посилен кандидат, водеше со 2700 гласа разлика, таа разлика ја надоместивме, очекувам граѓаните на Карпош, односно сите опозициони сили да ме поддржат за вториот круг, затоа што имаме програми, имаме резултати,- Стевчо Јакимовски.

-Борбата ќе станува се пожестока, знаеме сите со кого се судруваме, знаеме со кого си имаме работа, нема веќе завиткани ракави, да си кажеме се што имаме да кажеме, да знаат граѓаните со кого се соочуваат. Денеска пред да дојдам тука, веќе имам дојава за закани на луѓе кои се блиски до мене од локали бизниси. После ова, сето кога ќе заврши некој ќе мора да сноси одговорност,- Сотир Лукровски.

„Не би го коментирал вториот круг, не денеска“ – порача кандидатот и актуелен градоначалник на Центар – Герасимовски. Вели целиот фокус е на надминување на опасната ситуација со сметот, која како што вели е предизвикана од несобирањето на сметот на КХС. Неговиот противкандидат од ЗНАМ – Лабудовиќ кој беше со Ѓорѓиевски на терен, најави субвенции за учениците за лап топ или таблет.

Кампањата денеска ја продолжи и кандидатот на ВРЕДИ за Тетово – Касами, кој најави продолжување на проектите кои според него го подобриле животот во градот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер