Продолжува хаосот по вчерашната Ф1 трка: Фетел е дисквалификуван зашто имал премалку гориво - Канал 5

Продолжува хаосот по вчерашната Ф1 трка: Фетел е дисквалификуван зашто имал премалку гориво

Хаотичната и возбудлива 11 -та трка на Светското првенство во Формула 1, ГН на Унгарија на патеката Хунгароринг, имаше свое продолжение на зелената маса.

Продолжува хаосот по вчерашната Ф1 трка: Фетел е дисквалификуван зашто имал премалку гориво

Германецот Себастијан Фетел (Астон Мартин) е дисквалификуван и го загуби второто место поради недоволно гориво во резервоарот. Фетел е казнет бидејќи не извадил барем еден литар гориво од резервоарот за анализа по трката, што е потребно според правилата на трката. Техничкиот делегат Џо Бауер рече дека биле достапни само 0,3 литри од примерокот.

Откако Фетел е дисквалификуван, британскиот светски шампион Луис Хамилтон се проби на второто место со Мерцедес, додека третото место му припадна на Шпанецот Карлос Саинц Џуниор во Ферари. Со овој исход Хамилтон го зголеми водството во поредокот од шест на осум бода пред Макс Верстапен.

Трката ја освои Французинот Естебан Окон со Алпина-Рено, кој ја освои првата победа во неговата кариера. Окон го искористи хаосот во првиот круг од трката, возеше безбедно и го постигна најголемиот успех во кариерата.

Трката беше обележана со судир на стартот во кој учествуваа неколку болиди. Хамилтон имаше одличен старт во одбрана на водството, но Валтери Ботас (Мерцедес) се лизна при сопирањето предизвикувајќи верижен судир. Го удри автомобилот на Ленд Норис, а возачот на Мекларен потоа го удри автомобилот на Макс Верстапен (Ред Бул).

Во генералниот пласман, Хамилтон сега води со 195 поени, Верстапен има осум помалку, а Норис е трет со 113 бода. Следуваат Ботас (108), Перез (104), Саинц Џуниор (83) ...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер