Други спортовиПродолжува доминацијата на ШК Алкалоид во македонскиот шампионатШК Алкалоид триумфираше на 29. Екипно првенство на Македонија во шах кое од 15 до 21 август се одржа во Струга.Поединечни блесоци на младите, но титулата оди кај ШК Алкалоид! Со овој триумф, ШК Алкалоид во последниве 10 години бил 9 пати шампион (во 2020 година првенството не се одржа), а вкупно ова е 18. титула за „фармацевтите", кои се најуспешен македонски колектив во овој спорт. Годинава имаше и неколку други засилени екипи, па така во отсуство на БМ Кисела Вода, велемајсторот Кирил Георгиев играше на првата табла за Гамбит, како и Гостивар кој се засили со ИМ Дејан Стојановски и неколку хрватски велемајстори како Анте Сариќ, Анте Бркиќ и Ндерим Сарачи од Косово. Во седумте одиграни кола Алкалоид имаше само еден изедначен резултат, со Гостивар, а славеше во останатите шест средби, односно освоија 13 од можни 14 бода. Второпласирани се шахистите на Гостивар кои имаат 11 поени колку и Гамбит, но имаат подобар скор на освоени поени во сите партии. Натаму следат ШК Прилеп со 8 бода, ГШК Куманово со 7 бода, Ан Пасан со 4 бода, додека Карпош и Центар освоија само еден поен во меѓусебниот изедначен дуел. Ако на врвот немаше изненадувања, гледано поединечно победите на младите шахисти Андреј Велјановски над Кирил Георгиев и на Емил Ристески над Филип Панчевски претставуваат своевидна сензација, а еден од најмладите учесници, 14-годишниот Антон Златков, во 4 партии се избори за реми со противници кои имаат далеку повисок рејтинг. Како поединци, од македонските играчи се истакнаа ИМ Дејан Стојановски кој на четвртата табла за Гостивар имаше 5,5 бода од 7 партии, како и 17-годишниот ФМ Емил Ристески, кој имаше ист скор на четвртата табла за Гамбит, но за нијанса послаб параметар на „перформанс". Со оваа победа ШК Алкалоид го најави и учеството на Европскиот клупски куп, кој е своевидна „Лига на шампионите" во светот на шахот, а оваа година се одржува во Струга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари! Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат. Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа. Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување. Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата. Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата. Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати. Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври. БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува. Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа. Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати. И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство. Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата. Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема. Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и БолсонароКандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 проценти од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.Од друга страна, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 проценти, според најновата анкета на институтот Кваест, објавена пред гласањето. Разликата од еден процентен поен е во рамките на статистичката грешка од два процентни поени, поради што двајцата кандидати се во статистички еднаква позиција, објавува порталот Глобо. Според анкетата, Аугусто Кари, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо се на третото место со по три проценти од гласовите. Резултатите укажуваат на висок степен на неизвесност пред првиот круг и голема веројатност дека бразилскиот претседател ќе биде решен во вториот круг помеѓу Лула и Флавио Болсонаро, објавува бразилскиот портал. Меѓу вкупниот број посветени и неопределени гласачи, Лула има 40 проценти поддршка, додека Флавио Болсонаро има 38 проценти. Кајадо, Сантос и Кари имаат по три проценти. Анкетата е спроведена од 2 до 3 октомври на примерок од 3.702 гласачи над 16 години. Статистичката грешка е два процентни поени, со ниво на точност од 95 проценти. Извор: Б92Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook