Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
КултураПродолжува битката меѓу Филхармонија и Оркестарот за џез музикаСосема е погрешно преставен целиот начин за нашето работње во зградата на Филхармонија, заедно можеме многу да направиме во интерес на уметноста и да ги подигнеме вредностите за квалитет за добра музика. Објаснува за Канал 5 Гоце Стевковски од Здружението на џез музичари и слободни уметници. Ваквата реакција доаѓа од како Владата донесе одлука здружението да ги користи просториите на Филхармонија. Од Здружението реагира откако 108 вработени од Филхармонијата потпишаа петиција со која не се согласуваат со владината одлука за вдомување на новоформираната национална институција Оркестар за џез музика. Во петицијата потенцираа дека ја поздравуваат одлуката на Владата, не се против колегите, но сметаат дека решението оваа новоформирана институција да биде сместена во објектот на Филхармонијата е целосно несоодветно и ќе направи повеќе штета отколку полза. Тие сметаат дека не е возможно паралелно да работат две институции, односно два различни субјекти. Канал 5 стапи во контакт со Иванова, но таа не сакаше засега ништо дополнително да коментира. Од Министерството за култура велат дека е донесена одлука за формирање на Оркестар за џез музика и во постапка е нејзиното правно формализирање. Според министерстовто објектот на Филхармонијата како најсродна институција до новоформираниот оркестар е предложен за користење до конечното формирање на установата. Од култура потенцираат дека ќе има меѓусебно разбирање помеѓу двата орекстра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМомчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
БалканАлбин Курти е гаѓан со јајца во косовското собрание (ВИДЕО)Претседателот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер, Албин Курти, беше гаѓан со јајца за време на денешното продолжение на прекинатата конститутивна седница на собранието на Косово. Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката на Алијансата Тиме Кадријај го гаѓаше со јајца. Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата. Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата. Deputetja e AAK-së hedh vezë në drejtim të Kurtit gjatë seancës së Kuvendit 🇽🇰 Deputetja e Aleancës për Ardhmërinë e Kosovës, Time Kadrijaj, hodhi vezë në drejtim të kryeministrit në detyrë, Albin Kurti, para mbylljes së seancës, pas çka ndërhyri edhe sigurimi i Kuvendit. 🏛️… pic.twitter.com/5ElfsG0YNK — Anadolu Shqip (@aa_albanian) August 8, 2026 Тагови: Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе судрија товарен и патнички воз во Хрватска машиновозач е тешко повреден (ВИДЕО)Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска.Во несреќата има неколку повредени, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот, а според неофицијални информации на хрватските медиуми, товарниот воз поминал на црвено светло. Тагови: воз Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен нападЗеленски, кој вчера пристигна во Белград, со највисоки државни почести беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ.По официјалната церемонија стартуваше разговорот меѓу Вучиќ и Зеленски, соопшти службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Посетата на Зеленски на Белград, која е прва откако тој е на чело на Украина, и разговорите со српскиот претседател се во фокусот на јавноста поради блиските релации на Србија со Русија – владата предводена од СНС на Александар Вучиќ не се приклучи кон санкциите кои ЕУ и ги наметна на Москва по стартот на инвазијата врз Украина. Додека Зеленски е во Србија, утрово Киев повторно беше мета на жесток ракетен напад во кој загинале најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува. Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook