Продолжува бегалскиот бран од Украина - Канал 5

Продолжува бегалскиот бран од Украина

11 годишното момче, само со пасош, најлонска ќеса и запишано бројче на раката ја премина украинската граница и зачекори на безбедно во Словачка

Продолжува бегалскиот бран од Украина

-Низ солзи и со копнеж кон родителите кои не можеле да се евакуираат од украинско Запорожје ги брои ситните чекори во непознатото. 11 годишното момче, само со пасош, најлонска ќеса и запишано бројче на раката ја премина украинската граница и стапна на безбедно во Словачка Волонтерите веднаш го згрижиле на топло и му дале храна, а преку социјалните мрежи упатија и порака дека младото момче ги освоило со својата решителност и храброст, кои според нив се одлики на вистински херој. Приказната на 11 годишното момче има убав крај и сега тоа е кај роднини поради бројчето на раката, уверуваат надлежните од Словачка.

Бројот на бегалци од Украина, претежно жени и деца, за десет дена од војната, според проценките на ОН, достигна околу еден и пол милион..

Дел од нив велат дека никогаш не помислувале дека ќе живеат во период на воен конфликт поради кој мораат да ги напуштат своите домови.

-Страшно е, се исплашивме, не ни помислувавме дека ќе заминеме./ Сакам да запре војната и да се вратам на нормалниот живот, сакам да живеам во мир.

Високиот функционер на ООН Филипо Гранди вели дека таа ќе се влошува, освен ако војната запре.

-Ако војната не запре, ако продолжи бомбардирањето на градовите, сигурно е дека ќе видиме се повеќе луѓе кои заминуваат.

Најголем дел од бегалците се засолниле во Полска, над 1 милион лица, а во Унгарија и Молдавија и Романија вкупно избегале повеќе од 340 илјади лица. Во Русија побегнале над 50 илјади, во Словачка околу 130 илјади, додека пак во останатите европски земји засолниште нашле над 180.000.

ЕУ очекува бројот на беглаци да се искачи на 5 милиони, а дел од нив се очекува заштита да побараат и во Македонија.. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека утре ќе се знае со колкави капацитети располагаме..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Второ издание на Меѓународната научна конференција Мит и драма во Скопје

Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи второт издание на меѓународната научна конференција со наслов Мит и драма: кризи, граници, другости (27-28 октомври 2026). 

Второ издание на Меѓународната научна конференција Мит и драма во Скопје

Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Шеесетина експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Шведска, Соединети Американски Држави, Грција, Полска, Турција, Индија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Нигер и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки.

Конференцијата предвидува и три пленарни предавања, од истакнати професори и професорки од оваа област: Пјер Лонгенес, Оддел за театарски студии, Универзитет Нова Сорбона – Париз 3, Душка Радосављевиќ, Универзитет во Лондон и Универзитет во Лунд, и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Свеченото отворање на конференцијата е закажано за 27 октомври во 9:30 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.

Конференцијата е отворена за сите заинтересирани, а програмата е достапна на следниов линк:

https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/Programme-Myth-and-Drama-2026.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од  2.500 на 5.000 денари

„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари.

За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар.

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат.

Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Ново Село продолжува да се развива. 

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации.

Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село.

Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување.

Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните.

По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија.

Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура.

Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите.

Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура.

Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места.

Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер