Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
1Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаПродолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијалноНа денешното судско рочиште беше испитувано економско вешто лице, чиј наод и мислење е дел од доказната постапка.Со вкрстени прашања на одбраната денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за предметот што се однесува на злоупотребите со државните спортски ваучери, во кој се обвинети 12 лица, меѓу кои и поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. На денешното судско рочиште беше испитувано економско вешто лице, чиј наод и мислење е дел од доказната постапка. На прашање на одбраната дали согласно неговиот наод, може да се утврди поединечната улога на обвинетите во процесот на евалуација на барањата на спортските федерации, вештото лице рече дека се согласува и дека тоа го нема направено, бидејќи не било предмет на анализа на издадената наредба, посочувајќи дека во Законот за спортот е наведена Централната комисија, но не и поединечните членови. На дополнително прашање дали лицата што не учествувале во евалуацијата можеле да влијаат врз работата и одлуките на комисијата, јавниот обвинител приговори дека прашањето не било предмет на анализа на вештакот, по што судот го прифати приговорот. Во текот на испитувањето, вештото лице потврди дека не анализирало дали спортските друштва оствариле добивка во деловната година, ниту колку од издадените ваучери се реализирани. На прашањето дали навистина не можело да се утврди износот на реализираните ваучери, тој рече дека не се согласува со ваквата констатација, бидејќи „износот, односно штетата на издадените ваучери е утврден во самиот предмет”. -Прашањето се состои од повеќе потпрашања. Не можам да се согласам со вашата ваква констатација. За ваучерите кои се издадени врз основа на барања по кои е утврден наод во ова вештачење, како и за износот на така издадените ваучери е утврдена штета во овој предмет. Штетата не само што детално е елаборирана и табеларно прикажана, туку и неколку пати е детално објаснета во мојот исказ пред овој суд, рече вештото лице. На забелешката на одбраната дека анализата е парцијална и дека на тој начин не може да се даде целосна слика за економско-финансиската штета, вештото лице категорично одговори дека во целост не се согласува со ваквото тврдење, бидејќи, како што рече, има направено целосна анализа на сите неопходни и потребни докази во предметот, истакнувајќи дека тоа го има наведено во вештачењето. На прашање во врска со експертизата на вештакот и негово познавање на спортската регулатива, тој рече дека е економски вештак од областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, но не е спортски работник, ниту експерт од областа на спортот. На прашањето зошто во анализата не се опфатени надлежностите на Советот за спорт и постапките на комисиите при федерациите, тој одговори „ова што го барате не беше предмет на анализа во издадената наредба, јас анализирав барања, а не апликации”. Вештото лице, исто така, потврди дека не го известило обвинетото лице за кое се вршело вештачење, наведувајќи дека причината зошто лицето не било известено е дека не било наведено во наредбата што ја добил, но, како што рече, лицето досега имало можност да го контактира и да му достави сѐ што сметал дека е неопходно. На почетокот од годинава, судската постапка започна од почеток поради промена на Судечкиот совет, откако судијката Џенета Бектовиќ која го водеше предметот беше избрана за член на Судскиот совет, додека нов претседавач на Советот стана судијката Фросина Стојаноска. Претходно, бранителот на обвинетиот Каевски, адвокат Петре Шилегов, поднесе барање за прекин на постапката или обвинителството да го повлече обвинителниот акт повикувајќи се на измените во Законот за спорт, со кои, според него, е укинат членот што бил правна основа за наводните злоупотреби со ваучерите. Според обвинителството, измените во Законот не претставуваат декриминализација на делото, бидејќи суштината на кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ се однесува на дејствието на извршување, а не на конкретен член од материјалниот закон. Обвинителката Лидија Раичевиќ претходно посочи дека доказите веќе се доставени и дека нема правен основ постапката да биде запрена, нагласувајќи дека станува збор за сериозен предмет кој треба да продолжи во редовна судска процедура. Случајот, познат во јавноста како „спортски ваучери“, се однесува на наводни злоупотреби при распределбата на финансиски средства преку државната програма за поддршка на спортот. Освен Каевски и Мојсовски, меѓу обвинетите се и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, како и Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Тие се товарат за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“, а на првото рочиште во јануари сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб .Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб. Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека вториот пензиски столб нема да постои. „Се брише членот 120 и се брише одредбата со која 6% од парите од придонесите, кои сите ние ги плаќаме за пензиско и инвалидско осигурување, 6% кои треба да одат во вториот столб, сега таа одредба се брише. Каде ќе одат парите? Дали тоа значи дека се елиминира вториот пензиски столб? Огромен скандал на повидок. Треба добро да се објасни. Христијан Мицкоски да каже зошто не се уплаќаат парите таму и зошто во новиот предлог-закон, кој е на ЕНЕР, се брише членот 120 за уплата на 6% од вкупниот придонес за пензиско осигурување во вториот столб“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче укажа на сериозната состојба со пензискиот систем, и ризикот во кој се ставени и членовите на вториот пензиски фонд, односно дека над 5 милиони евра не се префлрени во вторито столб. „ Освен што се пензионерите украдени, дупката во пензискиот фонд е милијарда евра. изминатите месеци не се уплаќаат парите од пензискиот фонд во фондовите за дополнително пензиско осигурување, таканаречениот втор столб. 50 милиони евра недостасуваат и притоа не ги уплаќаат парите во вториот столб. Се поставува прашањето: доведен ли е во ризик вториот столб на сите нас кои плаќаме таму пари за нашите идни пензии?“, праша Филипче. Тој предупреди дека секое доцнење и неуплата повлекува и камата и побара да се утврди кој ќе ја преземе одговорноста за тие средства. „Што ако се покренат тужби, ќе ги дадат ли парите плус камата, затоа што секое доцнење и неуплата повлекува и камата? Кој ќе ја преземе одговорноста за каматите?“, рече Филипче. Скопје, 21.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците. - За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација. - Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook