МакедонијаПродолжен за уште 48 часа краткотрајниот притвор за 16 лица за пожарот во КочаниПродолжен за уште 48 часа краткотрајниот притвор за 16 лица за пожарот во Кочани, вчера се притворени уште две лица.Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им изречен краткотраен притвор уште на две лица. Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање докази за формално очнување на истрагата. На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повредени се повече од 150. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаОтворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје Скопје деновиве е европски центар на минибаскетот. Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, посветени на развојот на најмладите кошаркари и кошаркарки. Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот правилен спортски и личен развој. Во изминатите два дена беа реализирани бројни предавања, работилници и практични демонстрации под водство на реномирани меѓународни експерти. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења и алатки за успешно воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање на здрави животни навики и спортски вредности. На третиот ден од конвенцијата, присутните во спортската сала „Лазар Лечиќ“ ги поздрави Камил Новак, извршен директор на ФИБА Европа, кој им посака успешна работа и плодна размена на искуства на сите учесници. На свеченото отворање се обрати и генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, кој се заблагодари за довербата што ФИБА Европа ѝ ја укажа важноста македонската федерација да биде домаќин на овој значаен настан. Тој истакна дека организацијата на конвенцијата претставува уште едно признание за посветеноста на македонската кошарка кон развојот на младите категории и ја нагласи важноста на поддршката што ФИБА ја обезбедува во создавањето квалитетна основа за идните генерации кошаркари и кошаркарки. Во рамки на програмата, свои излагања на тема „Важноста на партнерствата“ имаа претставниците на ФИБА Европа – Радмила Тарнер, Теренс Булок и Мирослав Крогулец. Во утринскиот дел од денешната програма, учесниците ги следеа предавањата на Серхио Лара Берсиал на тема „Програма за прогресија во наставата“, како и на Милена Мусова, која говореше за „Планирање на вежби за трчање во минибаскетот“. Завршниот настан на конвенцијата е закажан за недела, кога од 10 до 12 часот на терените на Кејот на реката Вардар ќе се одржи традиционалниот Минибаскет фестивал. Во рамките на фестивалот ќе биде реализирана и свечената церемонија на затворање на 11. ФИБА Европска минибаскет конвенција во Скопје. На фестивалските активности учествуваат повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку игра, дружење и спортски активности ја слават љубовта кон кошарката и вредностите што ги носи спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисАндре Агаси разочаран од откажувањето на полуфиналето на Ролан ГаросЛегендата на светскиот тенис, Андре Агаси разочаран од откажувањето на полуфиналето на Ролан Гарос-„Вака успеав да стигнам до финалето на 56 години“.Поранешниот шампион на Ролан Гарос остана без зборови на веста дека полуфиналето е откажано. Организаторите на Ролан Гарос доживеаја вистински дебакл на крајот од турнирот, бидејќи полуфиналето помеѓу Матео Арналди и Флавио Коболи воопшто не се играше. Арналди се повлече поради вирус, и тоа откако претходно го мина Матео Беретини во четвртфиналето, по помалку од два сета од натпреварот (7:5, 5:2). Американскиот шампион на Гренд слем, Андре Агаси, беше изненаден од откажувањето на Арналди уште пред да излезе на теренот. „Можев да го победам Арналди денес, на 56 години. Ако не се појавиш, не победуваш. Разочарувачки е. Овој турнир беше полн со изненадувања, но, ова не е изненадување што некој сака да го види. Тој имаше меч во два сета во четвртфиналето (Беретини му го предаде, видете весник) и имаше време физички да се опорави, но очигледно се справува со нешто. Ќе беше подобро ако беше нешто со што не можеше да се справи. Ова е разочарувачки“, рече Агаси во студиото на ТНТ Спортс. The panel couldn't believe the new of Matteo Arnaldi's withdrawal from the Roland-Garros Semifinals 💔 pic.twitter.com/dcVwWFXfpk — TNT Sports U.S. (@TNTSportsUS) June 5, 2026 Навивачите така останаа без натпреварот за кој купија билети, а Флавио Коболи стана финалист на Ролан Гарос и ќе игра за титулата против Александар Зверев, Германец кој има историска шанса да го освои својот прв Гренд Слем. Ова ќе биде негово петто финале на Гренд Слем и тој ќе игра во недела против десеттиот рангиран играч во светот за титулата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
МакедонијаФилибек: Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од властаФилибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт.Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта, порача генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, во рамки на меѓународната конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“. Филибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт. „Тука сум и со една јасна порака во однос на заморот што се чувствува во јавната дебата за интеграцијата на земјата во Европската Унија. Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата“, потенцираше Филибек. Филибек нагласи дека европската иднина на Македонија е неразделна од европската иднина на регионот, при што интеграцијата мора да се одвива паралелно и заеднички. „Пораката што сакам да ја пренесам е јасна: иднината на Европската Унија е поврзана со интеграцијата на Западен Балкан и со полноправното членство на Македонија во европското семејство. Истовремено, иднината на Македонија е во Европската Унија, заедно со останатите земји од регионот. Тоа се два процеса кои мора да се движат паралелно и заедно да придонесат за конечно обединување на европскиот континент“, рече Филибек. Филибек потсети и на улогата на СДСМ во реформските и европските процеси во државата. „Во изминатите години СДСМ покажа лидерство токму во овој процес и го трасираше патот на реформите. Денес постои реална можност за напредок и таа шанса мора да се искористи. Европската Унија покажува јасна подготвеност за проширување, а тоа го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на неговата посета на земјите од регионот“, рече генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек. прес конференција на Џакомо Филибек – генерален секретар на ПЕС, Скопска иницијатива СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter