1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
АвтомобилизамПродажбата на автомобили во ЕУ со чуден тренд: Шпанија бележи рекорди, Германија разочаруваПродажбата на нови автомобили во Европската унија покажа охрабрувачки резултати за октомври 2024 година, со раст од 1,1 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски производители на возила (AСЕА).Вкупно, во октомври се продадени 866.397 автомобили, што претставува благ пораст во однос на ланските 856.762, објави ЕТ Ауто. Најголем раст е забележан во Шпанија, со раст на продажбата од 7,2 отсто, додека Германија, најголемиот европски пазар на автомобили, постигна значително закрепнување со раст од 6,0 отсто, по три месеци пад. Од друга страна, Франција и Италија забележаа значителни загуби, при што продажбата падна за 11,1 отсто, односно 9,1 отсто. Продажбата на целосно електрични возила во ЕУ во октомври остана на пазарен удел од 14,4 отсто, но забележа пад на вкупниот обем од 4,9 отсто во споредба со октомври 2023 година. На годишна основа (јануари-октомври) пазарниот удел на електричните автомобили падна на 13,2 отсто од минатогодишните 14 отсто. Најголем пад е забележан во Германија, каде што продажбата паднала за цели 26,6 отсто. Хибридните автомобили продолжија да растат, со продажбата зголемена за 17,5 отсто во октомври и пазарен удел од 33,3 отсто, додека автомобилите на бензин и дизел забележаа пад на продажбата од 6,8 и 7,6 отсто, соодветно. Групацијата Фолксваген забележа зголемување на пазарниот удел од 24,9 отсто минатата година на 28,7 отсто во октомври 2024 година. Продадени се 248.535 возила, што е зголемување за 16,7 отсто. Најголем скок во групата оствари Škoda со раст од 25,5 отсто. Од друга страна, Stelantis забележа пад на продажбата од 16,9 отсто, при што пазарниот удел е намален на 15,1 отсто. Намалувањето го предводеа брендовите како Citroen и Fiat, додека единствен исклучок беше Peugeot, со раст од 12,5 отсто во октомври. Тојота и Волво продолжуваат да ги зајакнуваат своите позиции, забележувајќи раст на продажбата од 15,3 и 22,5 проценти соодветно. Volvo особено го истакна својот голем успех на годишно ниво, со раст од 32,9 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНабавени се 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно СкопјеПотпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје.Набавката има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и навремено празнење, како и подобрување на условите за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. За споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери, бројка која не ги задоволува потребите на главниот град. Недостатокот на соодветна опрема резултираше со преполни и оштетени контејнери, наталожен отпад околу нив и нарушување на комуналната слика во повеќе населби. Со актуелната набавка, значително се зголемува бројот на расположливи контејнери и се создаваат услови за поефикасно функционирање на системот за собирање отпад. Особено значајно е што новите контејнери се набавуваат по цена од 9.600 денари по парче, додека претходно набавуваните контејнери биле по цена од над 18.000 денари по парче. Ова претставува значително поекономично искористување на средствата, особено имајќи ги предвид глобалните ценовни движења и зголемените трошоци за набавка на материјали и опрема. Набавката на 3.300 нови контејнери е дел од пошироките активности за модернизација и подобрување на работата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, по набавката и на нови возила за претпријатието. Чекор по чекор се создава пофункционален и поефикасен систем за управување со отпадот, со цел Скопје да биде почист, поуреден и достоинствен град за сите граѓани. Фокусот останува на решавање на наталожените проблеми, подобрување на комуналните услуги и одговорно управување со средствата на граѓаните, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКанцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу болиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“.Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“ на партискиот систем и предупреди на можноста за формирање „десничарска екстремистичка влада“ во покраината. На состанокот на федералното претседателство на CDU, Мерц рече дека неговата партија мора сериозно да се соочи со изборниот пораз и да признае дека не успеала да најде „емоционален пристап“ кон граѓаните или да ја обезбеди нивната поддршка, објави Bild. „Ова ја потресува нашата партија до темел. Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило, ниту јас ниту федералната влада“, нагласи Мерц. Тој оцени дека CDU „драматично ги загубила“ изборите, кои, според него, претставуваат „длабока пресвртница“ за партијата. Германскиот канцелар нагласи дека CDU мора отворено да разговара за проблемите, но и да го одржи единството, предупредувајќи ги членовите да не ѝ штетат на CDU со давање јавни изјави против партијата. Мерц оцени дека целта на АфД е „целосно уништување на ЦДУ“ и повтори дека „нема соработка“ со таа партија, наведувајќи дека ЦДУ цврсто останува на политичките темели на поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер, основач на ЦДУ и поранешен германски канцелар Хелмут Кол. Поразот на ЦДУ го коментираше и премиерот на Саксонија-Анхалт Свен Шулце, кој рече дека е „крајно разочаран“ од резултатот. Според него, кампањата била „крајно тешка“, додека АфД, како што тврди, користела различни методи и водела кампања со невидена сериозност, која успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не гласале. „Многу боли, но мора да го прифатиме“, рече Шулце. Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија преку ноќ. Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела - барем двојно повеќе од 20,8 проценти што ги освои на изборите во 2021 година, CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) доби 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти, објави Билд утрово. AfD, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години. Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.Тагови: изборите Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток. „Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА. Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати. „Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12