Продадено е најскапото Ферари во историјата, чини цело богатство (ФОТО) - Канал 5

Продадено е најскапото Ферари во историјата, чини цело богатство (ФОТО)

Светло црвеното Ферари е продадено вчера преку аукциската куќа Сотби во Њујорк за дури 51,7 милиони долари (48,2 милиони евра), со што стана најскапото Ферари на сите времиња.

Продадено е најскапото Ферари во историјата, чини цело богатство (ФОТО)

Станува збор за Ferrari 330 LM/250 GTO од моделот Scaglietti од 1962 година, кој се натпреварувал на трката „24 часа Ле Ман“ и двајца купувачи безмилосно се бореле за овој автомобил до цената од 47 милиони долари. Тогаш еден од потенцијалните купувачи се откажал, а се уште непознатиот купувач победил на аукцијата и плаќајќи такса на аукциската куќа по избраната цена, ја изброил веќе споменатата сума од 51,7 милиони.

Треба да се напомене дека Sotheby's не биле премногу задоволни од оваа цена, бидејќи првите проценки велеа дека автомобилот лесно би требало да достигне цена од 60 милиони долари. Сепак, иако акционерската компанија направила сѐ за да го промовира овој автомобил (аукцијата ја водеше лично Оливер Баркер, претседател на Сотби Европа), очекуваната цена не била постигната. Патем, тој е единствениот преостанат од 36-те Ferrari 250 GTO произведени помеѓу 1962 и 1964 година со многу респектабилна историја. Како прво, Скудерија Ферари се тркаше со него. Во 1962 година, автомобилот ја освоил класата на „1000 km Nurburgring“, а го возеле Мајк Паркс и Лоренцо Бандини на Ле Ман. Автомобилот постигна респектабилни резултати и на Pebble Beach Concours d'Elegance, каде во 2011 година беше прогласен за втор најубав Ferrari GTO во светот.

Со оваа набавка непознатиот купувач влегол во најексклузивниот можен клуб на сопственици на овој супер редок автомобил, меѓу кои се и модниот дизајнер Ралф Лорен и Ник Мејсон, тапанар на познатата рок група Пинк Флојд.

Инаку, Sotheby's минатата година го продаде и најскапиот автомобил на светот: Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe Prototype, кој достигна цена од 142 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер