Продадени сите 100.000 примероци од „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа - Канал 5

Продадени сите 100.000 примероци од „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа

Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловницата беа продадени за три часа, изјави уредникот Кристоф Флорентин.

Продадени сите 100.000 примероци од „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа

Тој додаде и дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци. Инаку, вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“. Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не е гола, но списанието сепак беше „разграбано“, очигледно - поради нејзиното „зачинето“ интервју.

Шјапа предизвика многу контроверзии и критики во Франција затоа што се согласила да се фотографира за „Плејбој“, додека Француската влада се соочува со жестоки демонстрации против пензиските реформи.

Министерката за социјална економија, инаку, позира во бел фустан на фотографиите на Плејбој и говори за феминизмот и правата на жените. Таа е и поранешна државна секретарка за родова еднаквост (2017 - 2020), а во интервјуто го брани правото на жените да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат.

- Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание. Горда сум затоа што испишав „еротска литература“, рече таа.

Сегашната министерка задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром ја критикуваше одлуката на нејзината претходничка да даде интервју за „Плејбој“.

- Се прашувам зошто избра списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на „жената-објект“, рече Ром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди?

Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд.

Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година.

Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер